СОРАБОТКА СО ЦЕНТАРОТ ЗА СПОРТ И СПОРТСКИ РАЗВОЈ “Hit & Run”

На 14.03.2017 (вторник) во фискултурната сала на ООУ “Дане Крапчев” , Центарот за спорт и спортски развој “Hit & Run” одржа кратка презентација на нивната работа. За учениците   од I – V одделение беа организирани полигони и штафетни игри кои на забавен начин создадоа таква атмосфера што на крајот од активностите децата не беа ни свесни колку корисна и сериозна работа одработиле, исполнети со позитивна енергија, поттикнати од смеата, натпреварувањето и меѓусебното бодрење. Основната задача беше создавање на интерес и љубов кон здравиот живот и спортот уште од најрана возраст. Активностите беа водени од дипломирани професори и тренери на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Даниела Торковска