Одбележување на 2-ри Април Светскиот ден на аутизмот

Светскиот ден на аутизмот е прогласен од Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2007 година како ден на кој треба да се посвети внимание на потребите на лицата со аутизам ширум светот. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европската унија имаат аутистичен спектар на нарушување. Многу од нив се соочуваат со дискриминација и се подложни на социјална исклученост.

Аутизам Европа ја започна кампањата под наслов: „Нова динамика за аутизмот”. Целта е што подобра социјална инклузија на лицата со аутизам!

Нашето училиште “Дане Крапчев”-Скопје дава поддршка на кампањата!

Користете го хаштагот #AutismDay2019 станете и вие дел од оваа кампања!

УНИЦЕФ – „Види го детето, не попреченоста”

Успехот во животот не зависи од тоа што не можеме да направиме, туку од љубовта и поддршката што ги добиваме како деца за да го исполниме нашиот потенцијал. Како и сите други деца, и децата со попреченост имаат огромен потенцијал, но можат да го остварат само ако сите се здружиме за да го промениме начинот на кој општеството гледа на нив.

Како едно од инклузивните училишта со кои УНИЦЕФ веќе подолго време соработува, ученици од нашето училиште беа дел од настанот „Види го детето, не попреченоста” кој се одржа на 11 септември во хотел Мериот – Скопје. На настанот се промовираше македонската верзија од „Меѓународната класификација на функционирање” – алатка која ќе помогне да се промени начинот на кој гледаме и одговараме на потребите на децата со попреченост. Настанот го означува почетокот на нова фаза од кампањата „Биди фер. За детство без пречки“.

This slideshow requires JavaScript.