Државен натпревар за информатичко размислување

На 24.03.2018 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство се одржа  Државниот натпревар за информатичко размислување за учениците од VI и  VII одд .
На натпреварот  Јане Ѓорѓиевски  од VII-4 одделение освои III награда.
Честитки за постигнатиот успех.

Резултати од Општински натпревар по биологија и природни науки 2017/2018 год.

На 03-03-2018 г. во OOУ “25 Мај” се одржа општинскиот натпревар по биологија и природни науки .

На  овој натпревар учествуваа ученици од  одделенска и предметна настава кои ги постигнаа следните резултати:

IV одд.

Ања Јовановска – III награда

Даријан Саравинов – III награда

Ева Серафимовска – III награда

Петар Ристовски – III награда

Андријана Стоилевска – пофалница

V одд.

Марија Стојановска – I награда

Алексеј Стојановиќ –  I награда

Бојана Петровска – I награда

Мила Данева – III награда

Тамара Вељковиќ – пофалница

VI oдд.

Анастасија Тодевска – II награда

Лука Ристиќ – III награда

Лука Николов – III награда

 VII oдд.

Павел Наневски –  I награда

Јане Ѓорѓиевски – II награда

Марко Смилевски – II награда

Методија Тасевски – II награда

Петар Петрески – II награда

Иван Гочевски Ивановски – пофалница

VIII oдд.

Маја Стојановска – II награда

Ивана Додевска  – III награда

Катерина Илиевска –  III награда

Симона Петровска –  III награда

IX одд.

Сања Филиповска  –   I награда

Матеј Трајчевски  –   II награда

Ана Тасева  –   II награда

 

 

Ментор на учениците од V,VI  и VII одд. Бојана М. Личева

Ментор на учениците од V,VIII  и IX одд. Душанка Китановска

 

Целосните резултати се објавени на официјалните web страници

http://prirodni-nauki-natprevari.blogspot.mk/

https://biologija.yolasite.com

Честитки за постигнувањата, продолжуваме со региналните натпревари во април.

ПРВО МЕСТО НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР

На 23 Март во салонот 1919 се одржа Франкофонска вечер во организација на Здруженито на професори по француски јазик и Националната комисија за Франкофонија од МОН. Во оваа пригода свечено беа доделени наградите од државниот натпревар по француски јазик за осмо одделение.

Нашата ученичка Катерина Илиевска од 8/1 одделение  освои Прво место.

На Кате ѝ честитаме за овој огромен успех и ѝ посакуваме уште многу успеси во животот

Наставник ментор – Анета Митевска

This slideshow requires JavaScript.

Државен натпревар по Информатика

Оваа година за прв пат во организација на Здружението на информатичарите на Македонија беше организиран државен натпревар  по Информатика – информатичко размислување за учениците од IV и V одделение. Нашиот претставник во категоријата за IV одд. Никола Наумов го освои третото место. Честитки!

Одбележување на 21 Март –Ден на пролетта , ден на ЕКОЛОГИЈА

Еко тимот на нашето училиште спроведе низа активности со кои го одбележа Денот на екологијата.

Активностите беа разновидни ,но со иста цел – Да се потикне свеста за важноста на задрава и чиста животна средина.

Првата активност која ја направија учениците беше засадување на 60 корени сезонски љубичици во училишниот двор и уредување на жардињерите.

Ги уредивме и саксиските цвеќиња, а изработивме и и истакнавме еко пораки за заштеда на енергија, вода и чување на околината . Пораките ги истакнавме на видни места низ училиштето.

Во училишниот хол истакнавме ликовни творби на тема “Природа” , а изложивме и дела изработени од рециклирани материјали.

Денеска не’ изненади снежното време, но ние не се откажавме и продолживме!

Централна активност беше едукативно предавање на тема Учиме за цвеќињата”.

На ова предавање учениците се запознаа со правилната нега и грижа за најчестите цвеќиња во нашите дворови , а се запознаа и со начинот на одгледување на цветни растенија во оранжериски услови. Во улога не предавач беше ученичката Андријана Антовска од VII oдд.  која ја изработи оваа презентација со стручна помош на оранжеријата  “Лале”.Учениците не само што се информираа за одржувањето на растенија туку се запознаа и со целиот процес на подигнување на растенијата од семе,начинот на одржување на соодветни услови во оранжериите и со системот за полевање на принципот капка по капка.

Следна активност која ја реализиравме беше одбележување на Светскиот ден за заштита на водите.Носители на оваа активност беа учениците од дневен престој.Тие изработија пано и еко пораки преку кои го пренесоа апелот за важноста на штедењето на питката вода. Пораките ги поделија на локалното население, сооучениците и вработените во нашето училиште.

И на крај да Ве потсетиме дека собирна акција за отпад (пластика,хартија и е-отпад) е во тек.Отпадот ќе се собира секој ден до петок во двете смени !!!

Активностите продолжуваат веднаш штом се подобрат временските прилики…

This slideshow requires JavaScript.

Кошарка

Денес, 22.03.2018, во спортската сала  „М.А. Ченто“ а во организација на нашето училиште се одржа Државното првенство во кошарка за женски од основните училишта.

Федерацијата на училишен спорт на Македонија  искажа задоволство од успешната  организација на  првенството.

Многу сме горди на нашите  кошаркарки кои го заземаа третото место.

ПЛАСМАН

🥇1 место ОУ ,,Јосип Броз Тито” – Струга
🥈2 место ОУ ,,Ванчо Прке” – Делчево
🥉 3 место ОУ ,,Дане Крапчев” – Скопје
🏅4 место ОУ ,,Кузман Шапкарев” – Скопје

20 март- Меѓународен ден на Франкофонијата

Над 270 милиони франкофони на петте континенти во текот на месец март го слават францускиот јазик преку разни конкурси за пишување состави, поеми, литературни средби, преку приредби, филмски фестивали, гастрономски настани, уметнички изложби…

И нашето училиште се приклучува кон прославата на Франкофонијата.

На 21 март, во училницата по француски јазик, се одржа презентација за Франкофонијата во светот, а потоа преку интерактивен квиз учениците низ забава ги проверија своите познавања но и научија нешто повеќе за Франкофонските земји и нивната култура.

На 30 март ќе продожиме со франкофонски игри, а во следниве три седмици и талентите за уметност ќе творат на тема Франкофонија. Активностите ќе ги заокружиме со учество со заедничка приредба со повеќе основни училишта во Скопје каде ќе бидат изложени и цртежите од наште уметници.

This slideshow requires JavaScript.

Натпревар по информатика – информатичко размислување 2018

Од годинава, за учениците од IV до VII одделение се организираше  натпревар во информатичко размислување.

Натпреварот се спроведе на општинско/регионално ниво. Се одржа на 11 март 2018 во просториите на ФИНКИ на Технолошко-металуршкиот факултет.

Се натпреваруваа: Никола Наумов од IV одд.  Нина Ристиќ од  VI одд. и  Јане Ѓорѓиевски од  VII одд.

Јане Ѓорѓиевски го освои првото место во категорија – ученици во  VII одд. а

Никола Наумов го освои второто место во категорија – ученици во IV одд.

Им посакуваме успех и на Државниот натпревар.

Регионален натпревар по Физика

На 10.03.2018 год. се одржа Регионалниот натпревар по Физика. Нашите ученици 
Јован Јанковски и Ивана Додевска на истиот освоија 3- то место со тоа се пласираа на Државниот натпревар по Физика. На Јован и Ивана и нивниот ментор наставничката по Физика Јулија Јанкуловска им посакуваме успех на Државниот натпревар.