Голем одмор на МТВ 1

На 27.02.2018 учениците од нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев,, учествуваа во емисијата ,,Голем одмор,, на МТВ 1. Гостувањето беше по повод 40 години образовно-воспитна дејност на нашето ООУ,,Дане Крапчев,,- Скопје.

Учениците го престставија училиштето во најдобро светло. Направија една ретроспектива на училиштето од 1978 година па се до денес , а сето тоа беше документирано и со фотографии. Ги истакнаа освоените награди и проектите кои се реализираат во нашето училиште , кои сите не прават особено горди и ни даваат сила да чекориме кон понатамошни успеси.

Програмата беше збогатена и со учество на :

  • Првачињата – кои настапија со ритмичката точка од патрониот празник на песната ,,Првачиња колачиња,,
  • Учениците од IV одделение – со ритмичката точка од патрониот празник на песната “Better when I’m Dancing“
  • Триото Атанасиј Соколов (електрична гитара) , Иван Лозаноски (електрична гитара)   и Миа Мустафа (вокал) ученици во IX одделение, кои настапија со изведба на неколку музички композиции од познати автори. Музичко трио кое многу ветува, и за кое многу ќе се слуша во иднина.

Учениците пак од V одделение , работеа во креативните катчиња и создаваа свои дела. Едната група Никола Христовски, Андреј Бојкоски и Теона Димишковска беа конструктори кои создаваа предмети според дадени шеми. Додека пак другата група Јована Ѓорѓиевска, Нина Јовановска и Ева Митевска  беа креативци кои создаваа торбички , перничиња , ташнички изработени од најразлични материјали.

Ликовното катче со своите интересни изработки го збогатија Делфина Саравинова и Анастасија Јовановиќ.

Капитените на екипите Леонид Велковски и Мирна Мемиќ преку одговарање на прашања од квизот им донесоа победи на своите тимови.

Насмевките на лицата на учениците и целиот тим кој ја прифати одговорноста да се справи и со овој предизвик говореа за успешноста на овој настан.

This slideshow requires JavaScript.

РЕЗУЛТАТИ ОД УЧИЛИШНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА ЗА VIII и IХ одд – 2018

РАНГ ЛИСТА ОД УЧИЛИШНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА VIII одд

Ред

бр.

Ученик Одд. Шифра Овоени поени Освоено место
1. Ивана Додевска VIII-2 802 71 I место
2. Катерина Илиевска VIII-1 801 69 II место
3. Маја Стојановска VIII-4 804 63 III место
4. Петар Здравковски VIII-4 803 61
5. Симона Петровска VIII-2 806 61
6. Михаил Алексовски VIII-1 805 45

Вкупно поени -75

РАНГ ЛИСТА ОД УЧИЛИШНИОТ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА IХ одд

Ред

бр.

Ученик Одд. Шифра Овоени поени Освоено место
1. Сања Филиповска IX-3 902 64 I место
2. Владимир Грујовски IX-4 903 63 II место
3. Матеј Трајчевски IX-1 905 57,5 III место
4. Јован Јанковски IX-3 901 50
5. Ана Тасева IX-1 904 47,5

Вкупно поени -64

 

РЕЗУЛТАТИ ОД УЧИЛИШЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА V I одд. – 2018

Ранг Шифра Освоени бодови од вкупно 100 Име и презиме на ученикот Место
1. 607 93 Анастасија Тодевска 6/4 I
2. 606 89 Јана Блгојевиќ 6/1 II
3. 616 81 Ангела Милановска III
4. 618 75 Ема Димитровска 6/1
5. 608 75 Јована Цветковска 6/3
6. 609 69 Нина Ристиќ 6/3
7. 612 67 Христијан Цветановски
8. 605 65 Христина Јовановска 6/2
9. 610 51 Лорина Јакимовска 6/4
10. 614 50 Ангела Ангелкоска 6/3
11. 611 46 Катерина Андонова 6/2
12. 613 44 Михаил Стефановски 6/2
13. 615 39 Лука Ристиќ 6/4
14. 604 38 Бојана Џопевска 6/2
15. 602 29 Борјан Давковски 6/4
16. 603 19 Ева Наумовска 6/3
17. 601 15 Матеј Митровски 6/1

Резултати од училишниот натпревар по Математика за VIII и IX одд. 2018

Резултати од училишниот натпревар по математика за VIII одд.

  1. Ивана Додевска 8/2 одд. 94 поени   I награда
  2. Катерина Илиевска 8/1 одд.  90 поени   II награда
  3. Сара Јосевска 8/1 одд  90 поени   II награда
  4. Симона Петровска 8/2 одд 60 поени

Резултати од училишниот натпревар по математика за IX  одд.

  1. Матеј Трајчевски 9/1 одд. 87 поени   I награда
  2. Владимир Грујовски 9/4 одд. 81 поени   II награда
  3. Ана Тасева 9/1 одд. 68 поени
  4. Елеонора Марковска 9/1 одд. 65 поени
  5. Кристија Велковски 9/2 одд. 20 поени

Започнаа натпреварите!

Изминатава седмица беа одржани Училишните натпревари по Математика  и Општинскиот натпревар по предметот Физика за VIII и IX одд.

На училишниот натпревар по Математика за V одд. беа освоени следните места

Алексеј Стојновиќ V- 3 одд.  I место со освоени 85 поени
Тамара Вељковиќ V -3 одд.  
I место  со освоени 85 поени                                                            Димишковска Теона V -2 одд.  II место со освоени 80 поени

На општинскиот натпревар по Физика за VIII и IX одд. беа освоени следните места:

Општински натпревар по Физика за VIII одд.

Ивана Додевска I место со освоени 100 поени

Катерина Илиевска I место со освоени 96 поени

Петар Здравевски III место со освоени 70 поени

Симона Петровска III место со освоени 68 поени

Општински натпревар по Физика за IX  одд.

Лука Алексоски II место со освоени 86 поени

Матеј Трајчевски и Јован Јанковски III место со освоени 79 поени

Дамјан Атанасовски III место со освоени 77 поени

Петар Стефановски III место со освоени 72 поени

Влатко Ристески III место со освоени 67 поени

Владимир Грујовски III место со освоени 65 поени

 

 

 

 

 

Нашето училиште е добитник на грантот за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта.

Со гордост Ве информираме дека нашето училиште е меѓу 38-те училишта во Република Македонија кои добиваат средства за средства за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, и притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Списокот на избраните училишта можете да го видите тука

http://www.mon.gov.mk/Листа на основни училишта кои добиле грант

 

 

106 години од раѓањето на нашиот патрон Дане Крапчев

Во 1912 година во едно студено и магливо утро на 2 февруари во семејството Крапчеви се роди уште едно машко дете кое го доби името Дамјан-Дане.

Неговиот татко беше роден во Прилеп, а работеше како чиновник во Шумадија и повеќе градови во Македонија, најдолго во Скопје. Па така своето образование Дане го стекна на разни места. По завршување на гимназијата се запиша на Правниот факултет во Белград.

Наскоро умираат мајка му и најстариот брат. По оваа случка се одделува од родителскиот дом се населува во Дебар Маало (Скопје) каде живее под кирија доста скромно и бедно. Поради немање материјални средства принуден е да се вработи и вонредно да ги продолжи студиите. Болката се надополнува со длабокиот револт во душата од злосторничкиот режим. Потресен од суровите сцени Дане си даде завет дека ќе ја види сопствената татковина и сопствениот народ слободни.

Почетните месеци од 1941 година беа обележани со крупни настани. Дане сметаше дека тогаш може да покаже сé што дотогаш научи. Тоа и го стори. Истата година застана под знамето на тогашната КПЈ и неуморно се подготвуваше за долгоочекуваната офанзива што требаше да се случи во 1944 година. Со формирање на Првиот скопски партизански одред Дане беше одреден за политички комесар и со својата чета дејствуваше на Скопска Црна Гора.

Се случи и тој очекуван пролетен настан кога се вклучи кон партизанските единици назначен како политички комесар. Поседуваше високи квалитети и способност истите да ги пренесе и на другите борци. Неговото учество во НОБ беше од огромно значење за подигањето на борбениот дух кај сите партизански сили и секогаш живееше со мотото дека по бурата ќе се појави светлината.

Но за жал тој беше еден од оние борци кој не успеа да и се восхити на светлината. Токму во таа 1944 година на 24 Мај кога батаљонот тргнуваше во еден од последните јуриши во бујната, шумовита Плачковица залутан куршум го најде своето место токму во телото на Дане. Во тој миг згасна еден млад живот, храбар борец и смел син на нашата татковина. Згасна во најубавото годишно време –пролетта, во најубавиот месец мај и овој месец го закити со уште една значајна дата.

Тешка беше загубата. Остана закопан во пазувите на планината, со себе ја закопа војната, а ни ја подари слободота.

Како ученици во ова училиште горди сме што учиме во училиштето коe го носи името на човек кој целиот свој живот го посвети на татковината. Чувствуваме должност гордо да се поклониме пред бистата на Дане Крапчев, да положиме свежо цвеќе, затоа што тој со својот боречки револуционерен и неуморен дух стана причина за нашата гордост.

Иако тој не е веќе меѓу нас , не може да се заборави еден таков човек кој служи како пример на секој млад човек, за тоа како треба да се сака татковината.