Кажи Не на дрогата, кажи Да на животот !

Кажи Не на дрогата, кажи Да на животот !

Ова е слогнот под кој учениците од нашето училиште ја одбележаа неделата посветена на борбата против блестите на зависност. Учениците од училишниот тим на Црвен Крст организраа неколку активности преку кои се потрудија да ги едуцираат врсниците за опасностите од дрогата, алхохолизмот и останатите болести на зависност. И тоа:

• Изработија пано на кое ги прикажаа поседиците од употребата на дрога и аклхохол и истото го поставија на видно место во училиштето

• Изработија видео порака со која кажаа Стоп за наркотиците

• Се спроведе едукативно предавање за дрога за учениците во предметна настава Сето ова го споделуваме со сите вас и заедно да кажеме ДА НА ЖИВОТОТ!

Паното и видеото го изработија Михаела Димчова , Клара Карџоска, Јана Саздовска и Никола Наумов

Тимот на Црвен Крст при ООУ “Дане Крапчев”

20 Ноември e Светскиот ден на детето

Денес, 20 Ноември се одбележува Светскиот ден на детето. По тој повод членовите на Ученичкиот парламент од нашето училиште изработија книга со правата на детето. Во книгата учениците на креативен начин преку цртежи направија приказ на детските права и упатија пораки за нивно почитување.

Книгата во наредните денови ќе биде изложена во училишниот хол. Ги повикуваме сите ученици од нашето училиште да ја погледнат, бидејќи секое дете ИМА ПРАВО ДА ГИ ЗНАЕ СВОИТЕ ПРАВА. Среќен Ден на детето на сите деца во светот!

14 Ноември како Светски ден на дијабетесот

Светската здравствена организација (СЗО) вo 1991г. за прв пат го одбележаа 14 Ноември како Светски ден на дијабетесот. Ова имаше за цел да ја разбуди свеста кај луѓето за дијабетесот, чиј број на заболени денес изнесува 382 милиони лица ширум светот.

За да ја подигнеме јавната севест за ова заболување, но и да дадеме подршка за луѓето кои водат битка со дијабетесот ,учениците од тимот на Црвен крст изработија едукативно пано и реферат на оваа тема.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува. Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови. Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Кои се најчестите последици од дијабетес?

Со текот на времето, дијабетес може да биде причина за оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите.

Превенција

Едноставни мерки  може да бидат ефикасни во спречување или одложување на почетокот на дијабетес и компликациите предизвикани од него потребно е:

  • постигнување и одржување на здрава телесна тежина;
  • физичка активност со умерен интензитет најмалку 30 минути дневно.
  • консумирање три до пет порции дневно овошје и зеленчук и да се намали внесот на шеќери и заситени масти;
  • да се избегнува употребата на тутун – пушењето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести

Паното го изработија и уредија  ученичките Мила Донева и Луна Јакимовска од IX-2 одд..

Изразуваме благодарност до родителот Г-ѓа Јакимовска за обезбедените едукативни материјали на оваа тема.

Проект: Волшебна интеркултурална мрежа на пријателства

Проект: Волшебна интеркултурална мрежа на пријателства Соработка на релација СКОПЈЕ – БЕЛГРАД . Заедно учиме за ОДГОВОРНОСТ. Учениците од III-1 одд .заедно со нивната наставничка Данче Костовска – Јакимовска остварија соработка со наставничката Тамара Миличевич и нејзините ученици од училиштето Алекса Шантич од Белград. Учениците имаа задача да истражуваат за најодговорните луѓе за човештвото од нашите простори. Учениците од Белград дојдпа до заклучок дека најодговорен кон човештворо бил Нилола Тесла. Нашите ученици за одговорност учеа од ликот и делото на Мајка Тереза . Истражуваа, пишуваа цртаа , соработуваа и другаруваа . На крајот изработија и книги. Денес беше воспоставен линк на релација СКОПЈЕ – БЕЛГРАД со цел взаемно презентирање на сработеното Изработените книги , искрените насмевки и новите пријателства беа ново искуство за сите 😀. Нашата интернационална соработка ќе има продолжение….