Прва награда од областа биологија на манифестацијата „Ноември – месец на науката“

По повод Ноември-Месец на науката 2018,  во организација на Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојуз на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското астрономско друштво (МАД), Скопското астроном­ско друштво (САД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) се одржа саем на науката на кој учествуваше и нашето училиште.

Настанот беше наменет за учениците од основните училишта и наставниците по природни науки, биологија, хемија, географија и математика и,a имаше натпреварувачки карактер .

Натпреварот   се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје на ден 17-11-2018.

Претставник на нашето училиште беше ученикот Павел Наневски од VIII одд. кој се натпреваруваше во областа билогија со изработка на експеримент на тема Вода-Прочистување на вода (Модел).

Ментор на ученикот беше наставничката по биологија Бојана М.Личева.

Ученикот демонстрираше постапка за прочистување на вода преку модел на прочистителна станица кој сам ја изработи врз основа на сопствено истражување на оваа тема .

Ученикот Павел Наневски  и менторот Бојана М. Личева со својот експеримент  ја освоија  првата награда на манифестацијата „Ноември – месец на науката“ во областа Биологија.

Повеќе информации за настанот може да проследите на: https://biologija.yolasite.com/

Ликовни награди

Во изминатиов период учениците од VI од IX одделение учествуваа на неколку ликовни конкурси и покажаа солидни резултати. На конкурсот “Јас и мојата земја” од проектот “Цртам и објаснувам” на НВО “Џунџуле” награди освоија Бојана Петровска VI3 и Давид Цветковски VII3. На кокурсот “Мојата општина” Љубица Стаменковска VII4 освои  I награда. А Теодора Стефановска IX2 освои I награда на конкурсот “И јас умеам да штедам”. Исто така учениците од ликовната секција Теодора Стефановска, Павел Наневски, Дина Шабановиќ, Михаела Стојменовиќ, Марио Илиевски, Лорина Јакимовска, Мартин Атанасов и Христина Јовановска успешно го претставија училиштето на ТВемисијата Ѕвон и на Еко модната ревија во рамки на проектот “Градиме заедничка иднина”. Честитки за наградените и благодарност до сите за успешниот ангажман.

Марија Николоска – Наневска

Општински натпревар за противпожарна заштита

На 7.11.2018 тимот од ООУ „Дане Крапчев“ на 34 општински натпревар за противпожарна заштита, одржан во ООУ „Крум Тошев“ го освои првото место на ниво на општина Гази Баба со што се пласира на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 14.11.2018.

Тимот го предводеше наставник ментор- Јулија Јанкуловска со учениците од VIII одделение: Марко Смилевски, Иван Гочевски – Иваноски, Јане Ѓорѓиевски и Стефани Угриновска.