Обука – Изготвување личен план за професионалниот развој на наставниците

На 04.07.2017 год. се одржа обука во организација на нашето училиште. Обуката ја одржаа предавачи од Едукативен центар „ Алгоритам центар“ на обуката присуствуваа 42 наставника

This slideshow requires JavaScript.

Летен универзитет

На 04.07.2017 во хотелот „Дрим“, г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорка на Францускиот инстут во Скопје, свечено го отвори 19-тиот Летен универзитет во Струга.
На отворањето збор зедоа и: г-ѓа Флоранс Коз од Францускиот институт во Србија, г-ѓа Соња Радкова од Франкофонскиот центар за обуки во Софија (CREFECO) и г-ѓа Марија Николова, одговорна за #Франкофонија при Министерство за образование и наука на РМ.

На универзитетот учествуваат 90 професори по #францускијазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик во двојазичните #франкофонски паралеки, и тоа од 9 земји: Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Македонија, но и од Романија, Молдавија и Ерменија.

На универзитетот присуствуваат и наставниците по француски јазик од нашето училиште

Јасмина Ѓоргиева  Анета Митевска  

Летниот универзитет се затвора на 7 јули

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА ЕДУКАТИВНИ ФИЛМОВИ „КРЕФ„ 2017

КРЕФ е меѓународен фестивал на едукативни филмови акредитиран од страна на Министерство за oбразование, наука и технолошки развој на Србија и Министерство за култура на Србија.

На овој фестивал учество земаат и училишта од Република Македонија. Оваа година можеме да се пофалиме и со учество на нашето училиште во две категории филмови: „Спот за промоција на училишната клима“ и „Сосема различни но со иста цел“.  Со гордост објавуваме дека и двата филма чиј автор е одделенскиот наставник Елизабета Георгиевска се квалификуваа во финалето на фестивалот кое ќе се одржи во Септември 2017  во Лесковац.

Филмовите беа снимени со несебична поддршка на  вработените во училиштето, учениците и родителите. Но поддршката треба да продолжи со тоа што ќе ја зголемиме гледаноста на филмовите на YOU TUBE и истите ќе ги лајкуваме .

НАПОМЕНА!

За да се бројат прегледите, видеата треба да ги гледата на YOU TUBE каналот. За тоа треба на видеото да кликнете на знакчето YOU TUBE што се наоѓа во десниот долен агол од видеото.

ЛИПДУБ спот за промоција на училишна клима 

КРЕФ филмски предизвик 2017. Категорија „Сосема различни за иста цел„

Проект „Децата и семејствата во образованието“ (ДИСО) 

http://www.face-lifeskills.com/mk/

Со големо задоволство и гордост известуваме дека нашето училиште е вклучено во Проектот  „Децата и семејствата во образованието“ (ДИСО)  кој е поддржан од Институтот за педагошко образование од Цирих (ИПО), а се реализира во соработка со Бирото за развој на образованието (БРО) и Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО). Реализацијата на проектот ќе започне од октомври наредната учебна година, но ние вработените во нашето училиште ќе го искористиме летото за запознавање со истиот.
Децата и семејствата во образованието (ДИСО) претставува проект кој има за цел да поддржи деца од социјално загрозените средини да станат свесни за своите способности и да се охрабрат во сопствениот развој. Преку активно учење на животни вештини и градење на нивните компетенции кај овие ученици, во рамки на проектот се помага да се зголеми нивното самопочитување и нивната доверба кон вредноста на училиштата и образованието. На овој начин, учениците ќе бидат подобро подготвени да се соочат со секојдневниот живот и да го пронајдат сопствениот пат во општеството. Развивањето на овие вештини секако ќе биде корисно за сите наши ученици.
Прирачниците (работните тетратки) можете да ги превземете тука

PHZH_Face1_MK_web_single_pages-001-212x300      PHZH_Face2_MK_web_single_pages-001-212x300     PHZH_Face3_MK_web_single_pages-001-212x300

Честитки за постигнатиот успех на сите наши ученици!

Двојки, тројки, четворки и петки,

да се покажат на стрини и тетки.

Секој ученик е горд на успехот свој,

не е важно колку е висок тој.

 

Па што е тогаш важно? 

– ќе прашате вие.

Важно е знаењето во умните

главички што се крие!

 

 Се гледаме во септември !

This slideshow requires JavaScript.