Учество на ликовниот конкурс по повод на месецот на штедењто

     Традиционално, 9-та година по ред, по повод светскиот ден на штедењето НЛБ банка организираше акција – Месец на штедењто, од 25 септември до 25 октомври, преку ликовен конкурс за деца на возраст од 5 до 15 години. Ликовниот конкурс беше од хуманитеран карактер – Банката за секој пристигнат цртеж  донираше парични средства на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје.

     Овогодинешната тема на ликовниот конкурс беше ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“ при што децата освен што цртаа, истражуваа и ги споделуваа  своите искуства, доживувања и впечатоци од убавините и културните обележја на нашата земја.

     Во акцијата учество земаа и учениците од нашето училиште при што добија и пригодни подароци. Цртежите ги испраќаа на веб страната на НЛБ банка.

     Сите собрани цртежи  беа изложени на веб страната на НЛБ банка и за нив се гласаше од страна на пошироката јавност, a истите беа разгледувани од комисија составена од ренoмираните македонски уметници при што беа одбрани и наградени 30 најдобри цртежи.Креаторите на најдобрите цртежи од изложбата беа наградени со штедни книшки од НЛБ банка.

      Меѓу наградените се и две ученички од прво одделение од ООУ „Дане Крапчев“ – Бисера Митровска од I-3 и Илина Несторовска од I-2. Нивните цртежи во прилог.

Препораки за однесување на наставниците и учениците за време на наставата на далечина

1.Општи одредби
Препораките се однесуваат на сите јавни основни и средни училишта и се во насока да се поддржи реализација на ефективна и ефикасна онлајн настава, да се обезбеди етичко однесување на наставниците и учениците за време на реализација на наставата од далечина.

  1. Реализација на наставата од далечина
    • Сите наставни часови, по правило, се реализараат на МС Тимс, како средство за одржување на онлајн настава преку синхрона комуникација во рамки на Националната платформа за учење на далечина.
    • Учениците коишто имаат пристап до Интернет, наставата на далечина, освен на компјутер или лаптоп може да ја следат и на паметен уред или мобилен телефон.
    • За учениците коишто немаат компјутерска опрема, немаат пристап до Интернет или за учениците од социјално ранливите категории, училиштето треба да обезбеди пристап до наставните содржини во некоја друга форма којашто одговара на можностите на учениците (печатени материјали, ЦД и сл.).
    • Родителите/старателите се должни да го известат одделенскиот или класниот раководител за сите технички проблеми со пристапот до наставата на далечина.
  2. Правила на однесувања за време на онлајн наставата
    3.1. Општи правила за онлајн наставата

    • Се препорачува сите камери да бидат вклучени за време на онлајн часот, освен доколку поради технички причини (слаба конекција или чести падови на истата) наставникот не наложи поинаку;
    • Микрофонот на учениците е потребно да биде исклучен за времетраењето на онлајн часот (опција “mute”), освен кога ученик одговара на поставено прашање од наставникот, поставува прашање заради нејаснотии поврзани со наставната материја во времето од часот кој ќе го определи наставникот.
    • Се препорачува одржување/следење на онлајн часовите на тивко место во домот, со оглед дека сите учесници на часот може да ги слушнат позадинските звуци кај оној кој зборува (шепотења и разговори, звуци од вклучен ТВ, лаење на домашни миленици и сл. звуци без оглед колку се тивки).
    • Не е дозволено снимање на онлајн часот од страна на наставниците или учениците.
    • За време на реализација на онлајн часовите се применуваат истите правила на однесување,како и на регуларните часови со физичко присуство во училиште и не се дозволени меѓусебни разговори за време на часот помеѓу учениците, преку вербална или електронска комуникација;
    3.2. Присуство на онлајн часовите
    • Наставниците и учениците треба навремено да се приклучат на наставниот час согласно распоредот на часовите.
    • Присуството на онлајн часовите е задолжително, идентично како и при реализирање на наставата со физичко присуство во училиште.
    • Наставниците се задолжени да водат детална евиденција за присуството на учениците на секој онлајн час.
    • По правило, учесници на онлајн часот се наставникот и учениците од паралелката за кои е наменет часот.
    • Учениците немаат право да вклучуваат на онлајн часот други ученици од училиштето, односно ученици од друго училиште преку споделување на линкот за часот.
    Секое постапување спротивно на точка 3.2. алинеја 1, 2, 3, 4 и 5 може да резултира со поведување и изречување на педагошки мерки во постапката утврдена во Правилнкот за педагошки мерки против ученикот, како и на други постапки пред надлежните органи.
    • Наставникот може да одстрани ученик од онлајн часот доколку ученикот:
  • на кој било начин го попречува одржувањето на часот;
  • се однесува недолично, вулгарно или дискриминирачки,
  • употребува непристојни зборови и/или вербално ги навредува останатите учесници на часот;
  • врши или поттикнува електронско насилство, постира коментари коишто може да се интерпретираат како навредливи, дискриминирачки или вознемирувачки, или испраќа електронски материјали со навредлива содржина кон останатите ученици и/или кон наставниците.
    • Во случај ученикот да е отстранет од онлајн часот поради некоја од наведените причини, истиот се евидентира дека е неоправдано отсутен од тој час, и против истиот може да биде поведена дисциплинска постапка и изрекување на педагошки мерки.
  1. Одговорности на наставниците и учениците при одржување на онлајн наставата
    • Наставниците и учениците, во рамките на секој онлајн час, треба да создадат атмосфера за успешна реализација на наставата и процесот на учење, како и за поттикнување на соработка и почитување на другите.
    • За време на онлајн часовите, наставниците и учениците треба да промовираат учечко-поучувачка ефективна комуникација која што ги вклучува сите. Учениците треба да се мотивирани и активно да учествуваат во виртуелната училница.
    • При реализација на наставата на далечина се почитуваат насоките дадени во Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта за определената учебна година, Упатството за реализација на наставата во учебната година и другите насоки дадени од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.
    • Наставниците при реализација на наставата на далечина треба да користат современи дидактички стратегии, методи и техники.
    • При комбинираната настава (учење на далечина и настава со физичко присуство) наставниците треба да го испланираат наставниот час со активности за подеднакво учество на сите ученици.
    • За време на онлајн часот секој ученик треба да биде активно вклучен.
    • Наставниците треба да водат сметка за потребите на учениците со потешкотии во учењето кои за време на наставата на далечина работат според индивидуална образовна програма.
    • Не е дозволена намерна опструкција на наставните часови.
    • Се препорачува наставникот да ја води дискусијата, овозможувајќи им на учениците да коментираат и да поставуваат прашања.
    • Дискусиите на онлајн часовите треба да бидат во насока на процесот на учење, да бидат конструктивни, важни и добро артикулирани. Комуникацијата треба да се води со почит и да се користи културно и пристојно изразување.
    • За време на онлајн часовите учениците треба да избегнуваат теми и разговори коишто го попречуваат процесот на учење на останатите ученици.
    • Несоодветните говори, разговори и дискусии не се дозволени за време на наставниот час.
    • За време на формалните облици на комуникација, учениците и наставниците се должни да водат сметка и за неформалните облици на комуникација односно користење на правописните правила и во електорнската комуникација (на пр. пишувањето пораки и текст само со големи букви се смета за викање, бидејќи тие се користат во случај не предупредување или известување).
    • Без оглед на начинот на реализација на наставата (онлајн настава или со физичко присуство) секогаш мора да се почитува мислењето на другитe.
    • Наставниците треба да ги поттикнуваат учениците на критичка и аргументирана комуникација.
    • Не е дозволено испраќање електронски пораки и содржини односно оптеретување на комуникацијата со наставникот со ирелевентни содржини или теми коишто не се поврзани со наставата.
    • На учениците не им е дозволено да ги откриваат лозинките за пристап до апликациите и Платформата на другите ученици.
    • И наставниците и учениците треба да ја почитуваат доверливоста, односно да не се објавуваат, постираат и споделуваат лични информации, фотографии, видео и аудио материјали за себе и за другите.
    • На Платформата/МС Тимс не е дозволено поставување и споделување на неформална содржина од забавен карактер или пак содржина што не е наменета за едукација, како и интернет врски коишто не се однесуваат на наставата или пак водат до малициозни содржини.
    • При учењето на далечина се очекува учениците да бидат независни и самостојни, мотивирани, посветени и дисциплинирани.
    • Учениците не смеат да практикуваат препишување и лажно претставување за време на наставата на далечина со цел стекнување предности во однос на другите од аспект на оценување на постигањата на учениците.
    • Секое прекршување на авторските права се смета за лична одговорност на корисникот на Платформата/учењето на далечина.
    • Учениците се охрабруваат да напредуваат, да се грижат за себе и за другите.
    • Наставниците се должни да се грижат за здравјето на учениците (оптеретеност на видот и ‘рбетот на учениците) при работата со ИКТ уредите и во текот на наставата треба да предвидат одмор за раздвижување, релаксација на видот и подобрување на циркулацијата.
  2. Завршни одредби
    За почитување на Препораките се грижат директорите на училиштата.
    Препораките се објавуваат на веб-страницата на училиштето и на јавниот портал на Националната платформата за учење на далечина.

24 ноември 2020 година Министерство за образование и наука

Селекција и правилен третман на отпадните батерии и електричниот и електронскиот отпад

Во текот на месец Ноември првачињата од нашето училиште во соработка со Нула Отпад  се едуцираа на тема “Селекција и правилен третман на отпадните батерии и електричниот и електронскиот отпад”.

Нула отпад во нашето училиште доставија дигиталната сликовница адаптирана на развојно ниво на дечињата од 1-4 одделение, игра на меморија, еко рамка за фотографирање и 100 индивидуални садови за батерии наменети за првачињата.

Преку дигиталната сликовница учениците се запознаа со важноста на правилен третман и селекција на отпадните батерии и нивното штетно влијание. Секој ученик доби сад за батерии кој ќе го однесе во својот дом и во кој ќе ги собира искористените и стари батерии.Откако ќе го наполни садот со батерии има обврска да го донесе во училиште и да ги префрли батериите во  големиот сад за батерии кој се наоѓа во училиштето.

Работилници од проектот – И јас имам глас

Во рамките на проектот „И јас имам глас“ вчера, 16.11.2020 г., се одржаа две работилници со клубот на ученици кои членуваат во овој проект.

Првата работилница ја водеше Дени Стојанов, а темата беше мултимедија, заштита на идентитетот и личните податоци онлајн, а работевме според методот „Бура на идеи“. Предлагавме и изнаоѓавме решенија како да се заштитиме од сајбер-насилство, како да се справиме ако ние или некое наше другарче доживее насилство и добива навредливи пораки и погрдни зборови на социјалните мрежи. Се разви дискусија во која активно учествуваа сите ученици за тоа како безбедно да се користат електронските уреди и социјалните мрежи. Целта на оваа работилница беше учениците да стекнат вештини за справување со сајбер-булинг и да научат како безбедно да ги користат социјалните мрежи.

Во втората работилница водител беше Сара Османи. Таа нè обучи како се изработува прашалник, во конкретниов случај на тема – заштита на детските права за време на коронавирусот. Присутните ученици даваа предлози за прашања кои се во интерес на децата, а во контекст на заштита на нивните права за време на одржувањето на онлајн-наставата. Исто така, разговаравме со какви проблеми и пречки се среќаваат учениците и наставниците, и на кои сè начини може да дојде до кршење на детските права во вакви изменети услови на учење и одржување настава. Целта на работилницата беше учениците да научат како се прават прашалници кои потоа ќе ги користат во најразлични истражувања за свои потреби и за потреби на училиштето.

Алексеј Стојановиќ VIII-3

Награда на ликовен конкурс

На конкурсот за ликовни творби на тема: „Борба против дискриминацијата и насилството во Спортот“ во рамките на проектот ФЕР ШАНСА ЗА МЛАДИТЕ ВО СПОРТОТ финансиран од ЕУ преку програмата Еразмус+, а организиран од Федерација на училишен спорт на Македонија и Детскиот ликовен центар, нашата ученичка од 6-1 одделение Марија Гичевска освои 3 награда. Нејзината творба ќе биде дел од изложба во галеријата на Кинотеката на Македонија. За жал заради заострување на ситуацијата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, а во функција на заштита на здравјето на децата и наставниците отварањето на изложбата ќе биде online, без физичко присуство.
За таа цел на 18. 11. 2020 во 13.00 часот е закажана ZOOM сесија на која се поканети добитниците на дипломите за освоено прво, второ и трето место, како и претставници на ФУСМ и ДЛЦ со почеток од 13 часот. Марија Гичевска ќе учествува на оваа виртуелна изложба. И честитаме на Марија за освоената награда и и посакуваме уште многу вакви успеси во иднина.

Продолжуваме со активности од проектот „И јас имам глас“

На 5.11.2020г. беа реализирани две онлајн работилници, овој пат со детскиот невро психијатар д-р Мери Бошковска и ученици, родители и наставници од нашето училиште. На работилницата со учениците беше разговарано за тоа како ситуацијата со вирусот влијае на нивниот живот, права и одговорности, а во делот со наставниците и родителите се разговараше на тема:,, Квалитет на интеракцијата и комуникацијата меѓу учениците, меѓу наставниците и учениците и меѓу родителите и децата и проблемите на кои нашле во услови на изолацијата поради вирусот Ковид 19. Интересот за посетеност на овие работилници беше огромен и од страна на учениците но и од страна на родителите и наставниците. На работилниците се споделија многу искуства, ситуации од однесувањето на децата со родителите и наставниците во изминатиот период, а сите ние добивме корисни совети за тоа како полесно да се справиме со однесувањето на децата во вакви услови.

Голема благодарност до д- р Мери Бошковска и Фондацијата за образовни и културни иницијативи: „Чекор по чекор“.

Активности на тимот за Црвен крст за месец октомври

Во месец октовмври тимот на Црвениот крст реализраше неколку активности кои имаа задача да ги промовираат хуманите вредности во нашето училиште.

Првата активност беше реализрана во соработка со општинската организација на Црвен крст –Гази Баба по повод неделата на борба против гладта, од 16 до 22 октомври се одвиваше  кампања под мотото „Помислете и на нас“.

Со  oваа кампања беа обезбедени 10 пакети со храна и хигиенски средства .

Пакетите се донираа на ученици од нашето училиште кои припаѓаат на ранливите категории.

 Се надеваме дека со оваа скромна донација им помагаме во овие околности на пандемија.

Втората активност ја реализраа вработените кои собраа финансиски средства и набавија храна и хигиенски средства кои ги донираа во рамките на големата хуманитарна акција организирана од страна на Општина Гази Баба.Оваа акција беше подржана и од родителите и ученците кои исто така донираа производи и хигиенски средства.

Училишниот тим на Црвениот крст им се заблагодарува на сите кои беа дел од оваа хумана акција !

И секако на крај би сакале да потсетиме на тоа да ги почитувате мерките за заштита од Covid-19, одржувајте хигиена, носете маска и внесувајте редовно сезонско овошје и зеленчук !

Активности на ЕКО –Тимот за месец ОКТОМВРИ

Во месец Октомври ЕКО тимот на нашето училиште ги одбележа настаните од Еко календарот:

– 8 октомври-Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата

 Изработка цртежи за последиците од загадувањето на планетата Земја од учениците

Цел на активноста е одржувањето на чиста и здрава животна средина, рационалното искористување на природните ресурси и чувањето на биолошката разновидност на нашата планета

-15 октомври -Меѓународен ден на пешаците

Ве потсетуваме на   флаерите кои учениците секоја година традиционално ги делеа  на локалното население со информации за придобивките од пешачењето

Цел на активноста  е да се подигне јавната свест за  придобивките од пешачењето ,да се подигне свеста на пешаците како учесници во сообраќајот и да се подигне свеста за безбедноста на пешакот во сообраќајот

-16 октомври- Меѓународниот ден на храната

По тој повод учениците изработија презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” и напишаа кратки пораки кои сите ние треба да ги практикуваме

Целта е  да допринесе за подигање на свеста за здравата храна и  важноста на правилната исхрана во перидот на раст и развој кај децата.

Продолжуваме со работилници од дома!

На 28.10.2020г. Учениците од училишниот парламент и членови на училишниот клуб за детски права учествуваа во работилница со Сара Османи во рамки на проектот: ” И јас имам глас”. За време на видео средбата се отворија корисни дускусии поврзани со детските права. Посебен акцент се стави на тоа колку детските права се почитуваат во случај на пандемија! Со работилница на истата тема продолжуваме следната недела!