ВЕРА , ЉУБОВ И НАДЕЖ

На  29.09.2017 г. учениците од II одделение симболично го одбележаа Денот на љубовта – празникот посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж (30 септември). Дарувајќи мали, прекрасно спакувани колачиња, зачинети со искрена детска насмевка и топла прегратка, подарија многу љубов и пренесоа силни пораки до сите вработени и ученици во нашето училиште. Не потсетија на трите најважни пориви кои ги држат луѓето исправени и во најтешките моменти во животот. Не потсетија дека:

ВЕРБАТА ги прави сите нешта возможни,

ЉУБОВТА ги прави сите нешта лесни,

НАДЕЖТА ги прави сите нешта достижни.

Честит празник и имајте секогаш вера, љубов и надеж во животот!

Актив на II одделение

This slideshow requires JavaScript.

22 Септември – Ден без автомобили

По повод 22-09 –Меѓународниот ден без автомобили учениците од нашето училиште се потрудија достојно да го одбележат. По овој повод тие изработија постери кои ги изложија во училишниот хол, а целта на изложбата беше да се пренесе пораката за разумно користење на автомобилите за да се заштити животната средина. Учениците преку своите изработки истакнаа дека постојат алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина . Исто така учениците се обидоа да ја анимираат и локалната средина да се намали употребата на автомобилите . Нашите еко патроли излегоа на терен и преку флаери кои ги делеа на локалните жители се обидоа да ја потикнат свеста за потребата од намалена употреба на автомобилот како превозно средство. За сите оние кои не беа во можност да ја посетат нашата изложбата нека ја погледаат галеријата со слики.

This slideshow requires JavaScript.

УНИЦЕФ – „Види го детето, не попреченоста”

Успехот во животот не зависи од тоа што не можеме да направиме, туку од љубовта и поддршката што ги добиваме како деца за да го исполниме нашиот потенцијал. Како и сите други деца, и децата со попреченост имаат огромен потенцијал, но можат да го остварат само ако сите се здружиме за да го промениме начинот на кој општеството гледа на нив.

Како едно од инклузивните училишта со кои УНИЦЕФ веќе подолго време соработува, ученици од нашето училиште беа дел од настанот „Види го детето, не попреченоста” кој се одржа на 11 септември во хотел Мериот – Скопје. На настанот се промовираше македонската верзија од „Меѓународната класификација на функционирање” – алатка која ќе помогне да се промени начинот на кој гледаме и одговараме на потребите на децата со попреченост. Настанот го означува почетокот на нова фаза од кампањата „Биди фер. За детство без пречки“.

This slideshow requires JavaScript.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!

Денес нашето училиште се збогати со стотина нови ученици. Денес за прв пат во училишните клупи седнаа дечиња со мали умни главчиња, желни за знаење. Нивните другарчиња им подготвија кратка приредба за добредојде. Учителките ги пречекаа со насмевки.  Тие влегоа во светот на  буквите и бројките, во светот на нови знаења и нови пријателства. СРЕЌЕН ПОЧЕТОК ПРВАЧИЊА!

This slideshow requires JavaScript.

Прва родителска средба

На 05.09.2017 година ќе се одржи првата родителска средба. За родителите чиј деца посетуваат настава во прва смена родителската средба ќе започне во 18.30 ч.  За родителите чиј деца посетуваат втора смена родителската средба ќе започне во 17.30 ч.

Дневен ред за прва родителска средба

  1. Запознавање на родителите со наставниот план и програмa за паралелката во учебната 2017/18 година;
  2. Поделба на учебници и потпис од родители;
  3. Известување на родителите за ученичкото досие и можноста за увид во истото (I одд)
  4. Избор на родители за претставници во Совет на родители;
  5. Запознавање со училишниот ред и кодексот на однесување на родителите, учениците и наставниците;
  6. Информација за Годишната програма на училиштето за тековната учебна година флаери);
  7. Информација за советување на родителите според „Законот за основно образование“ по член 64;
  8. Известување на родителите за продолжување на собирната акција на стара хартија и пластични шишиња, донирање на цвеќиња и учество во уредување на училиштето-Еко проектот;
  9. Потпишување изјава на родителот за здравствената состојба на ученикот ( I – IX одд. )
  10. Потпишување договор кај одговорен наставник со училишната кујна за Дневен престој;
  11. Потпишување изјава за известување на родителите за додатна и дополнителна настава;
  12. Потпишување на изјава за згрижување на учениците еден час пред почеток на часовите и еден час после завршување на часовите (I – III одд. );
  13. Информирање на родителите за ужинка и потпишување на изјава;
  14. Потпишување изјава за снимање на ученици ( I одд. и сите други што ја немаат);
  15. Информација на родителите за самостојна набавка на ученичките униформи
  16. Договор за обезбедување, осигурување, потребни материјали;
  17. Информирање на родителите дека не се бара од наставникот набавка на работни тетратки по математика или други предмети како и други учебни помагала;

Мени за организирана исхрана во училиштето за учебната 2017 – 2018

И оваа година во училиштето за учениците кои посетуваат Дневен престој се организира добивање топол оброк  по цена од 1480 ден. и  добивање  ужинка за сите заинтересирани ученици по цена  од 480 ден. За сите подетални информации ќе бидете известени на првата родителска средба од страна на одделенските раководители.

Ужинка за учениците во ООУ„Дане Крапчев“Скопје за учебната 2017/2018
* Ден Вид на ужинка со појадок Нарматив Калоричност
прва недела
1 Понеделник Лења пита, нето маса од мин. 60гр., од пченично брашно тип 400 со фил од вишна  и полнило мин.20%,единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ нето маса од мин. 60гр. од  брашно Т- 400 ,,

. фил од вишна  и полнило мин.20%,

350- 400 калории
2 Вторник Кифла со кашкавал(кравји со мин. 45% масленост) или маслинка единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ нето маса од мин. 125 гр. 480-600 ккал
3 Среда Лиснато пециво со пилешка шунка класа А и павлака24% масленост единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ нето маса од мин. 125 гр. 480-600 ккал
4 Четврток Лисната плетенка со сусам (пакување

во соодветна амбалажа, состав: брашно тип 500, сол, вода, квасец, сусам)

-Јогурт со мин. Мл.масти  3,0%

во соодветно пакување , минимум 200 мл. единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ

нето маса од мин. Геврек= 100гр. +/-5%

Јогурт=  минимум 200 мл.

 

 

 

350- 400  калории

5 Петок Интегрален перек, од брашно Т-400, интегрално пченично брашно , нето маса од мин. 60гр ., единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ нето маса од мин. 60гр. ,од  брашно Т- 400 , интегрално пченично брашно, 350- 400  калории
втора недела
1 Понеделник Интегрална штрудла, нето маса од мин. 60гр. ,од  брашно Т- 400 , интегрално пченично брашно, со фил од јаболка и полнило мин.20%, единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ нето маса од мин. 60гр. ,од  брашно Т- 400 , интегрално пченично брашно,

со фил од јаболка и полнило мин.20%,

350- 400  калории
2 Вторник -Домашна пита со кравјо сирење со мин.45%м.масти+/-5%

(Пакување  во соодветна амбалажа, состав: брашно тип 500, сол, вода, квасец, масло, кравјо сирење мин.20 гр.+/-5%) единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ

– Јогурт со мин. Мл.масти  3,0% во соодветно пакување минимум 200 мл. единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ

 

нето маса од мин. Домашна пита=120гр. +/-5%

 

 

Јогурт= минимум 200  мл.

480-600 ккал
3 Среда Интегрална лајбица со  пилешка шунка класа А и  кашкавал(кравји со мин. 45% масленост) единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ нето маса од мин. 125 гр. 480-600 ккал
4 Четврток Затворена пица со  пилешка шунка класа А и  кашкавал(кравји со мин. 45% масленост), кечап 30грама , единечно пакувани во пвц амбалажа со декларација на секој производ нето маса од мин. 125 гр. 480-600 ккал
5 Петок Ѓеврек, со сусам, нето маса од мин. 60гр ., од пченично брашно тип 400  единечно пакувани во пвц амбалажа со топло затворање со декларација на секој производ нето маса од мин. 60гр. ,од  брашно Т- 400 , интегрално пченично брашно, 350- 400  калории

 

Топол оброк за учениците во ООУ„Дане Крапчев“Скопје за учебната 2017/2018

Прва недела

Ден

 

Ручек: главно јадење, супа, салата, десерт Нормативи на ручекот Калории  на ручекот
Понеделник

 

– Грашок со јунешко месо

– салата (сезонска)

– десерт (сутлијаш)

– леб (бел)

100 + 120гр..

100 гр

100 гр.

80 гр.

 

600/840 кал.

.

Вторник

 

– Шпагети  (со јајца) со сирење и кечап

– десерт ( парен колач)

150 гр.

100 гр.

600/840 кал.

 

Среда

 

– риба (ослиќ филети) со ростован компир

– салата  сезонска

– супа со  зеленчук и фиде

– леб (интегрален)

– десерт ( сезонско овошје)

100 + 120 гр.

100 гр

200 мл.

60 – 100 гр.

100 – 120 гр.

600/840 кал.

 

 

 

Четврток

 

– спанаќ со ориз   или

мусака со комппир и мелено телешко месо

– јогурт

– леб (бел)

– десерт (мала крофна)

250 гр.

250 гр

200 гр.

80 гр.

100 гр.

600/840 кал

 

Петок

 

– грав (запршка без брашно)

– салата

– леб ( интегрален)

– десерт ( сезонско овошје)

200 гр.

100 гр

60 – 100 гр.

100 – 120 гр.

 

600/840 кал.

 

Втора недела – топол оброк

Ден

 

Ручек: главно јадење, супа, салата, десерт Нормативи на ручекот Калории  на ручекот
Понеделник

 

– Тава ориз со пилешки стек

– супа (целер, пашканат,морков)

– салата (сезонска)

– леб ( интегрален)

– десерт (сезонсо овошје)

150 + 80  гр.

200 мл.

100 гр

60 – 100 гр.

100 – 120 гр.

600/840 кал.

 

 

 

Вторник

 

– Компир манџа со јунешко месо

– салата  сезонска

– леб (бел)

– десерт (пудинг со млеко)

150 + 80  гр.

100 гр

80 гр.

100 гр.

 

600/840 кал.

 

Среда

 

– Гарнирани макарони (макарони со јајца)

– јогурт

– десерт ( лења пита)

200 гр

200 мл.

100 гр.

600/840 кал.

 

 

Четврток

 

– Ќовте во сос пире

– салта (сезонска)

– леб (интегрален)

– десерт (сезонско овошје)

100+100гр.

100 гр

60 – 100 гр.

100 – 120 гр.

 

600/840 кал.

 

Петок

 

– Леќа (  запршка без брашно)

– салата (сезонса)

– леб (бел)

– десерт милиброд

200 гр

100 гр.

80 гр.

100 гр.

 

600/840 кал.