Распоред на смените за учениците кои ќе следат настава од далечина

Ве информираме дека распоредот на смените за почеток на учебната година е следниот

ПРВА СМЕНА – учениците од IV, VI и VII одделение

ВТОРА СМЕНА – учениците од V, VIII и IX одделение

Часовите се одвиваат по следниот распоред, Ве молиме да се најавите 5 минути пред почеток на часот

Подготовки за новата учебна година

Интензивно се подготувуваме за почетокот на новата учебна година во согласност со протоколите за работа на основните училишта. Вчера во нашето училиште беа означени со соодветни лепенки влезовите и излезите, како и училниците на паралелките од I до III одделение. Покрај тоа беа поставени диспанзери за хартија пред тоалетите, диспанзери за безконтактна дезинфекција, корпи за отпадоци со капак, упатства за однесување и држење растојание.

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА

На 26 Август 2020 се одржа регионалниот натпревар по Природни науки и Биологија ,кој се реализираше со online тест на ClassMaker. На натпреварот земаа учество Алексеј Стојановиќ од 7 одд кој освои прва награда и Анастасија Тодевска од 8 одд. која освои втора награда. Ментор на учениците е  Душанка Китановска.

Според остварениот резултат (бодови од општински+регионален натпревар до 73%) за учество на државниот натпревар се пласираше  Алексеј Стојановиќ.

 Му посакуваме успех и многу среќа во понатамошното натпреварување