22 Април – Ден на планетата Земја

Учениците од еколошката секција го одбележаа Денот на планетата Земја – 22 Април со изработка на пано на кое ги искажаа своите заложби за чиста животна средина.

Еколозите од нашето училиште апелираа за поголема грижа  на луѓето за планета Земја и ги истакнаа последиците од неконтролираното загадување на животната средина.

Чистата животна средина е основно човеково право

22 Април – Ден на планетата Земја…

Овој ден за првпат е одбележан во САД, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Историскиот датум со кој се означува почетокот на будењето на еколошката свест на човештвото се смета 22 април 1970 година, кога околу 200.000 лица протестираа против загадувањето на животната средина од која зависи опстанокот на човекот и на сите животински и растителни видови на нашата планета.

Протестите беа организирани во САД, кога околу 30.000 тони сирова нафта истекоа во Пацификот и ја загадија плажата во заливот Санта Барбара. Луѓето кренаа глас против еколошкото насилство, а беа предводени од тогашниот американски сенатор од Илиноис, Гејлор Нелсон, кои побара екологијата да добие национален приоритет. Тогаш е формирано првото Движење за заштита на животната средина.

Од 1992 година овој ден  се одбележува и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.

Резултати од регионален натпревар по Математика

На 13.04.2019 се одржа регионалниот натпревар по математика во ООУ“Кочо Рацин“- Петровец. Од нашето училиште учествуваа 10 ученици и ги постигнаа следниве резултати

 

Давид Арнаудов  IV одд – ПРВА НАГРАДА

 

Алексеј Стојановиќ VI одд ВТОРА НАГРАДА

 

Јана Благојевиќ VII одд ПОФАЛНИЦА

 

Јане Ѓоргиевски VIII одд ПОФАЛНИЦА

 

Честитки за сите учесници!

Прво место на ликовен конкурс

На ликовниот конкурс „Априлилили“ кој го организира ДКЦ „Карпош“ по повод 1 Април – Денот на шегата, од нашето училиште учествуваа ученици од 6 до 9 одделение, а ученичката Теодора Стефановска освои прва награда. Доделувањето на наградите беше на 1 Април на плоштадот „Македонија“ каде што беа и изложени дел од маските.

АПРИЛИЈАДА 2019

Со цел одбележување на 1 Април –  ,,Денот  на шегата,, во училиштето беше организирано ,,Првоаприлско дефиле,, за учениците. Освен во училиштето ученици од одделенска настава продефилираа и низ улиците во населбата, со цел да ги покажат своите маски.

Најдобрите маски од нашето училиште беа испратени на плоштадот во Автокоманда. Ученици пак од IV и  V одделение од нашето училиште, под раководство на нивните наставнички  Лидија Ѓоргиева и Лидија Велковска, учестуваа на манифестацијата која по повод 1 Април ја организираше општината Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата, која се одржа на плоштадот во Автокоманда, каде учениците од IV и  V одделение настапија со ритмички точки, а пак ученичките Ема Котеска VII одделение и Миа Јакимовска од IX одделение настапија со пеење во живо на песната Perfect. И водителката на манифестацијата Тамара Вељковиќ беше од нашето ООУ„Дане Крапчев“. Сето ова кажува дека учениците од нашето училиште навистина има што да покажат.

 

Координатор на тим за                                                                                                                         

културно забавен живот

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.

Одбележување на 2-ри Април Светскиот ден на аутизмот

Светскиот ден на аутизмот е прогласен од Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2007 година како ден на кој треба да се посвети внимание на потребите на лицата со аутизам ширум светот. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европската унија имаат аутистичен спектар на нарушување. Многу од нив се соочуваат со дискриминација и се подложни на социјална исклученост.

Аутизам Европа ја започна кампањата под наслов: „Нова динамика за аутизмот”. Целта е што подобра социјална инклузија на лицата со аутизам!

Нашето училиште “Дане Крапчев”-Скопје дава поддршка на кампањата!

Користете го хаштагот #AutismDay2019 станете и вие дел од оваа кампања!

Општински натпревар по англиски јазик

На 23.03.2019 се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за ученици од 5 до 9 одд.

Од нашето училиште учествуваа следниве ученици и ги освоија следниве места:

5 одд.  Дарија Саравинов  5-3 – III место

Горазд Стјановски 5-4

6 одд.  Алексеј Стојановиќ  6-3  – I место

Тамара Вељковиќ 6-3

7 одд.  Јана Кметовска 7-3

Мартин Атанасовски 7-4

8 одд.  Вероника Неделковска 8-4 – II место

9 одд. Лука Карагунов  9-1 – II место

Петар Здравевски  9-4