Одбележан ПИ- денот

Денес е ПИ – ДЕН 3.14, датум кој беше одбележан на интересен начин од ученици од 7 и 9 одд. членови на Математичко – информатичката секција. Тие денес ги презентираа своите креативни видеа, компјутетски игри, квизови и презентации за истакнати математичари. На крај се анализираа и вреднуваа изработките: победи видеото на Питагора, второ место освои играта Меморија и трето место презентацијата за Гаус. Ви посакуваме Среќен ПИ ден👩‍💻🧑‍💻♾🙂

РАСПОРЕДИ ЗА ДОДАТНА И ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА И ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ – ПО НАСТАВНИК

Приредба по повод завршување на учебната 2018/2019 година и заминување на деветтоодделенците

This slideshow requires JavaScript.

…Радост, гордост, возбуда, насмевки, неизвесност, мала трема, измешани емоции и по некоја солза радосница беше се она што се случуваше денеска во нашето ООУ „Дане Крапчев„

Учениците со кратка пригодна програма го одбележаа крајот на учебната година и заминувањето на деветтооделенците од нашиот заеднички дом – училиштето Дане Крапчев.

Оваа пригода како училиште ја искористивме да ги прогласиме и најуспешните ученици кои во учебната 2018/2019 година го претставуваа нашето училиште на општинските, регионалните и државните натпревари и освоија прво, второ или трето место, а пак училиштето им додели признанија за нивните постигнати резултати.

На овој свечен настан му дадовме и еден посебен белег со тоа што успеваме да ја вратиме традицијата која со години се негуваше во нашето училиште и да ги прогласиме учениците кои го завршија овој циклус на образование со континуиран одличен успех, а исто така беше прогласен и првенецот на генерацијата.

Ученици кои го завршија овој циклус на образование со континуиран одличен успех и примерно поведение:

IX-1 одделение: Емилија Трајковска, Катерина Илиевска, Сара Јосевска и Лука Карагунов
IX-2 одделение: Симона Петровска, Ивана Додевска и Никола Маркоски
IX-3 одделение: Миа Јакимовска и Ивана Стефановска
IX-4 одделение: Петар Здравевски, Виктор Милески и Маја Стојановска.

Првенец на генерација 2019 – Катерина Илиевска од IX-1 одделение

За сите ученици кои беа со континуиран одличен успех во нивното образование како и за првенецот на генерацијата беа обезбедени симболични подароци.

Денеска нашите деветтоделенци го напуштаат нашиот заеднички дом и заминуваат кон освојување на нови повисоки цели.

Сигурни сме дека од ова училиште во животот ќе носат преубави спомени, но и знаења кои понатаму ќе ги надоградуваат, знаења со кои ќе го освојуваат светот но и ќе градат подобра и поубава иднина за оваа земја.

Среќно!!!

Подготвил:

Даниела Торковска – Координатор за културно забавен живот во училиштето







“J’aime le francais” – Го сакам францускиот

Со цел учениците од петто одделение да се запознаат со францускиот јазик, како еден од најмногу зборуваните јазици ширум светот освен англискиот, во текот на второто полугодие од учебната 2018/19 година во нашето училиште се спроведуваше проект за сензибилизација на јазикот. Учениците имаа можност да се запознаат со основите на јазикот преку игри и песни. На 3 мај учениците имаа и работилница со французинката Силвен Ајаш,која работи во Центарот за универзитетски успех на франкофоните при Филолошкиот факултет.

На 28.05.2019 година се одржа приредба насловена како “J’aime le francais” – Го сакам францускиот на која учениците го презентираа тоа што го научиле. Покрај нив, на приредбата со драматизации, игри и песни се претставија и учениците од VI до IX одд. Учениците со голема возбуда и ентузијазам успешно се претставија, што можеше да се забележи по задоволните лица како на учесниците така и на присутните гости

На приредбата присуствуваа амбасадорот на Франција г. Кристиан Тимоние, градоначалникот на општина Гази Баба  г.Борис Георгиевски, г-ѓа Љупка Димова од Францускиот институт и претседателката на Здружението на професори по француски јазик г-ѓа Јулијана Јозиќ. Амбасадорот и градоначалникот им се обратија на присутните и ги охрабрија учениците да продолжат и понатаму да го изучуваат францускиот јазик и да приредуваат вакви манифестации.

Довидување до следната година!

Одговорен наставник – Анета Митевска

 







Денови на електротехника 2019

На 23.5.2019 година тимот од ООУ „Дане Крапчев“ со ментор: Јулија Јанкуловска и ученици: Катерина Илиевска, Ивана Додевска  и Петар Здравевски ја посетивме хидроцентралата- музеј Матка, во сколоп на осмата по ред манифестација Денови на електротехника 2019 во организација на СЕТУГС “Михајло Пупин” – Скопје.







„Скопје цвета”- Скопски цветен фестивал

Оваа сабота се одржа шестиот Скопски цветен фестивал, под покровителство на Град Скопје, под мотото „Скопје цвета”.

Во цветно дефиле учествуваа младите екологисти од нашето училиште кои се обидоаа на уникатен начин да  ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Посетителите  имаа  можност да учествуваат и во целодневни: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Оваа година на манифестацијата  се претставија повеќе од 30-тина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија,меѓу кои и еко тимот од нашето училиште ООУ “Дане Kрапчев”.

Одговорни наставници

Б.Личева и Д.Китановска







22 Април – Ден на планетата Земја

Учениците од еколошката секција го одбележаа Денот на планетата Земја – 22 Април со изработка на пано на кое ги искажаа своите заложби за чиста животна средина.

Еколозите од нашето училиште апелираа за поголема грижа  на луѓето за планета Земја и ги истакнаа последиците од неконтролираното загадување на животната средина.

Чистата животна средина е основно човеково право

22 Април – Ден на планетата Земја…

Овој ден за првпат е одбележан во САД, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Историскиот датум со кој се означува почетокот на будењето на еколошката свест на човештвото се смета 22 април 1970 година, кога околу 200.000 лица протестираа против загадувањето на животната средина од која зависи опстанокот на човекот и на сите животински и растителни видови на нашата планета.

Протестите беа организирани во САД, кога околу 30.000 тони сирова нафта истекоа во Пацификот и ја загадија плажата во заливот Санта Барбара. Луѓето кренаа глас против еколошкото насилство, а беа предводени од тогашниот американски сенатор од Илиноис, Гејлор Нелсон, кои побара екологијата да добие национален приоритет. Тогаш е формирано првото Движење за заштита на животната средина.

Од 1992 година овој ден  се одбележува и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.







АПРИЛИЈАДА 2019

Со цел одбележување на 1 Април –  ,,Денот  на шегата,, во училиштето беше организирано ,,Првоаприлско дефиле,, за учениците. Освен во училиштето ученици од одделенска настава продефилираа и низ улиците во населбата, со цел да ги покажат своите маски.

Најдобрите маски од нашето училиште беа испратени на плоштадот во Автокоманда. Ученици пак од IV и  V одделение од нашето училиште, под раководство на нивните наставнички  Лидија Ѓоргиева и Лидија Велковска, учестуваа на манифестацијата која по повод 1 Април ја организираше општината Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата, која се одржа на плоштадот во Автокоманда, каде учениците од IV и  V одделение настапија со ритмички точки, а пак ученичките Ема Котеска VII одделение и Миа Јакимовска од IX одделение настапија со пеење во живо на песната Perfect. И водителката на манифестацијата Тамара Вељковиќ беше од нашето ООУ„Дане Крапчев“. Сето ова кажува дека учениците од нашето училиште навистина има што да покажат.

 

Координатор на тим за                                                                                                                         

културно забавен живот

Даниела Торковска

This slideshow requires JavaScript.







Одбележување на 2-ри Април Светскиот ден на аутизмот

Светскиот ден на аутизмот е прогласен од Генералното Собрание на Обединетите Нации во 2007 година како ден на кој треба да се посвети внимание на потребите на лицата со аутизам ширум светот. Се претпоставува дека 7 милиони луѓе во Европската унија имаат аутистичен спектар на нарушување. Многу од нив се соочуваат со дискриминација и се подложни на социјална исклученост.

Аутизам Европа ја започна кампањата под наслов: „Нова динамика за аутизмот”. Целта е што подобра социјална инклузија на лицата со аутизам!

Нашето училиште “Дане Крапчев”-Скопје дава поддршка на кампањата!

Користете го хаштагот #AutismDay2019 станете и вие дел од оваа кампања!







Активности по повод 21 Март – Ден на пролетта (Денови на екологија)

Нашето училиште ООУ “Дане Крапчев” и оваа година со еколошка акција го одбележа 21 Март – Ден на пролетта.

Активностите започнаа со уредувањето на  жардињерата во предниот дел од дворот. Со помош на локалното население жардињерата се наполни и обаработи  со квалитетна почва и со тоа се подготви теренот за засадување на сезонски цвеќиња.

Во знак на пролетното будење на природата во жардињерата учениците од IX одд. засадија 100 корени на сезонски цвеќиња од видот на љубичици .

Учениците  од предметна настава спроведоа акција за расчистување на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните минувачи .

Исто така во дворот се спроведе и акција за плевење ,окопување и наводнување  на постоечкото зеленилото.

Во училишната зграда учениците од одделенска настава ги уредија и полеваа саксиските цеќиња, но се погрижија и за уредноста на кабинетите и холовите.

Учениците од ликовната и еколошката секција со предметните наставници ги разубавија паноата со изложба на цртежи и пораки на тема “Природа” и “Екологија”.

 

 

Коорднинатор на еко активностите

Бојана М. Личева и Еко –тимот при ООУ Дане Крапчев

 

This slideshow requires JavaScript.