Подготовки за новата учебна година

Интензивно се подготувуваме за почетокот на новата учебна година во согласност со протоколите за работа на основните училишта. Вчера во нашето училиште беа означени со соодветни лепенки влезовите и излезите, како и училниците на паралелките од I до III одделение. Покрај тоа беа поставени диспанзери за хартија пред тоалетите, диспанзери за безконтактна дезинфекција, корпи за отпадоци со капак, упатства за однесување и држење растојание.