Есенски излет

На 28.10.2022 г. Реализиравме еднодневен излет на Кањонот Матка. Богатиот есенски пејсаж, старите средновековни цркви и манастири, Браната „Св. Андреја“ изградена на реката Треска , тиркизната вода, пештерите , кајаците во разни бои, топлото есенското сонце , многуте туристи кои ги видовме и сите ние , семејството – ученици и наставници на училиштето Дане Крапчев го направивме кањонот побогат и повесел. Матка е наше природно богатство кое треба да го чуваме и редовно да го посетуваме .

За спомените кои ги создадовме сведочат нашите фотографии во прилог.

Посета на кино во рамките на Денови на медиумска писменост

Во рамките на Денови на медиумска писменост, наши ученици од деветто одделение зедоа учество проследувајќи го тематскиот филм „Хакер“ во кино Синеплекс на ден 26.10.2022 год (среда). 

Оваа воннаставна активност се реализира во организација на Работната група за филмска писменост при Мрежата за медиумска писменост, а поддржана од страна на Агенцијата за филм, кината Милениум, Синеплекс и Кинотека на РСМ, дистрибутерот на филмови Катавеј. 

Им благодариме за убавото дружење!

Трето место на конкурсот ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2022”

Нашата ученичка Калина Караџоска освои 3 место во Категорија 1 на конкурсот за најдобра литературна творба ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2022”, – Песна на тема безбедност и здравје при работа (ученици од прво до петто одделение.), насловот на нејзината творба е ,,Заштита при работа”, а нејзин ментор е наставничката Даниела Торковска.

Денеска бевме дел од промоција на четвртата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе 2022“ каде е објавена и песната на Калина.

Активности за Европската недела на кодирање

Од 8-23 Октомври 2022  се одржа Европската недела на кодирање иницирано од  пошироко членство со цел да го приближи кодирањето и дигиталната писменост до секого на забавен и интересен начин.

По повод Европската Недела на кодирање,  #СоdeWeek,  беа реализирани активности за развивање креативност, решавање проблеми и соработка преку програмирањето..

Ученивите од деветто одделение реализираа активност Основи на програмирање со studio.code.org со цел совладување на алгоритамско размислување преку игра.

Учениците од седмо одделение креираа игри во Scratch. Кодирањето им помогна да станат подобри решавачи на проблеми, да го прошират разбирањето за тоа како функционира технологијата и да развиваат вештини и способности да истражуваат нови идеи.

Учениците од III-1 ја одбележија Европската недела на кодирањето

Денес учениците од III-1 одд. заедно со нивната наставничка Данче Костовска- Јакимовска во рамките на ,,Европската недела на кодирањето ” кодираа , се забавуваа и ги проучуваа можностите за примена на роботиката во наставата. Благодарност до Бојан Василев – претставник на проектот ,,Friends of Education” за соработката.

Инклузивна работилница за одбележување на Детската недела

Учениците од III-3 одделение заедно со наставничката Анета Менчова и образовниот асистент Жаклина Цветковска, поддржани од Инклузивниот тим на училиштето реализираа инклузивна работилница за одбележување на Детската недела. Изработуваа сензорни помагала за нивните другарчиња со атипичен развој.

И Учениците од III-4 одд. заедно со наставничката Весна Димитровска и образовниот асистент Елена Благоевска, а со поддршка на Инклузивниот тим на училиштето, реализираа инклузивна работилница во која изработуваа сензорни помагала за нивните другарчиња со сензорни потешкотии.

,,Штедиме и создаваме изуми за подобар свет”

Во рамките на ,,Месецот на штедење” НЛБ Банка организира акција за цртање на тема ,,Штедиме и создаваме изуми за подобар свет “Целта на овие активности е да се поттикнат децата да штедат.Денес учениците од III одд.имаа средба со претставници од НЛБ Банка кои им доделија подароци и ги информираа за наградниот ликовен конкурс на кои може да учествуваат сите ученици од 5 до 15 години. Денешните активности низ фотографии.

„Barcode” (Best Achievable Results in Coding) – „Дане Крапчев“ домаќин на третата мобилност

„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgrade од Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.

Домаќин на третата мобилност беше ООУ “Дане Крапчев“ од Скопје, С. Македонија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способност, техниките на кодирање да ги интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.

Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри  логичното и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.

Цели на проектот:

се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;

обезбедува учење на основите на програмирањето;

– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;

–  ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.

разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;

– подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.

Активностите на проектот:  

03.10.2022

Третата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје. Наставници од Литванија, Србија, Португалија и Турција беа топло пречекани со кратка програма во која беа вградени културата на секоја земја.

Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:

– Ice breaking игри : Сите учесници играа неколку игри за да се запознаат и да ја подобрат работната средина.

– Се запознаа со програмскиот јазик Scratch и неговата работна околина.  Секој учесник отвори сметка на Scratch. На учесниците им беше прикажана колекцијата примероци од проекти изработени во Scratch.

Активноста  заврши со „Создавање уметнички работи“ која вклучува креирање цртеж со повторување на геометриска форма 72 пати.

 04.10.2022

Денот започна со експеримент по биологија каде наставниците издвоија ДНК од банана.

Продолживме со забавна работилница „Rocket design“ каде дизајниравме едноставни и лесни изработки од хартија.

Ученици од 7 одд. демонстрираа игри во Scratch и научивме за различни движења на фигури.

Потоа учесниците создава сопствена игра во Scratch.

Денот го завршивме со пешачење на планината Водно и се восхитувавме на прекрасниот поглед од врвот.

05.10.2022

Третиот ден на мобилност во С.Македонија беше посветен на разгледување на природните и културните богатства што ги нуди Македонија.

На планината Бистра, покрај реката Радика, посетен е манастирот Св.Јован Бигорски.

Потоа групата отпатува до „бисерот на Балканот“, градот Охрид, каде ја виде старата чаршија, уживаше во погледот на манастирот Св. Јован Канео на брегот на Охридското Езеро и се восхитуваа на старата архитектура на градот.

06.10.2022

Четврти ден на мобилност во Македонија започна со посета на канцеларијата на општина Гази Баба каде нè пречека генералниот секретар и советникот за образование.

Потоа ја посетивме стручната гимназија „Владо Тасевски“ каде имавме можност да го разгледаме училиштето и да се запознаеме со различните образовни програми што ги нуди. Исто така, присуствувавме на неколку работилници организирани од средното училиште.

По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот а вечерта имавме заедничка традиционална вечера.

07.10.2022

Мобилноста во Македонија ја завршивме со посета на кањонот Матка. Имавме можност да уживаме во неверојатната глетка пловејќи со бротче во најстарото вештачко езеро во земјата. Имавме можност да посетиме и една од многуте пештери во Кањонот, кои се најфасцинантните спелеолошки паркови во светот.

Се надеваме дека бевме добри домаќини и дека сите ќе се сеќаваат на нашата мала земја со голема наклонетост.

Прво место за детска поезија

За креативноста на нашите литературни творци знаат Македонците ширум светот.

На интернационалната поетска манифестација ,,Сплоти се Македонијо,, на која имаа можност да учествуваат сите Македонци ширум светот, нашата ученичка Катерина Пислевиќ освои 1 место во категоријата детска поезија.

Честитки Катерина, ти посакуваме уште многу успешни творби и награди!

Дане Крапчев-домаќини на третата мобилност од Еразмус+ проектот ,,Bar code”

Нашето училиште е вклучено во проектот ,,Bar code ” преку Програмата ,,Еразмус +” . Денес бевме срдечни домаќини на гости од Португалија 🇵🇹 , Србија 🇷🇸 ,Турција 🇹🇷 и Литванија 🇱🇹. Топло добредојде им посакавме во боите на македонското знаме, со кратка програма во која ја испочитувавме традицијата на секоја земја учесник во проектот. Потоа имавме продуктивни работилници, а попладене ги одведовме на прошетка низ Скопје за да се запознаат со знаменитостите и историјата.

На крајот од првиот ден сме горди домаќини. Но,нашите гости не видоа се од нас. И во наредните четири денови ќе продолжиме да ги воодушевуваме 😊