Обука за ученичко учество и заштита на детските права

На 29.08.2019 година,сите наставници од ООУ „Дане Крапчев” – Скопје следеа обука на тема: „Ученичко учество и заштита на детските права“. Реализатор на обуката беше Магдалена Павлеска- наставник по предметот граѓанско образование. Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со современите методи на учество на учениците во демократското делување во училиштето преку формирање Ученички парламент и одредување Ученик-правобранител.

Распоред на смени за учебната 2019 – 2020 година

I смена III,V,VI и IX одделение со почеток во 07.30. часот

II смена II, IV, VII и VIII одделение со почеток во 12.45 часот

Приемот на првачиња ќе се одржи на 02.09.2019 година во 10.00 часот

Списоците на ученици запишани во прво одделение се објавени на влезната врата на училиштето.

Им посакуваме среќен почеток на новата учебна година и многу успех на сите ученици!

Проект BRAVEdu „Улогата на образованието во рушење на табуата за сиромаштија“

Социоекономскиот статус на учениците има значајно влијание врз нивните постигнувања во училиштето. Проектот BRAVEdu „Улогата на образованието во рушење на табуата за сиромаштија“, кој го реализира Мрежата на центрите за образовни политики од Загреб, NEPC (Network for education policy centers) заедно со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Форумот за слобода во образованието од Хрватска (Forum for freedom in Education), Институтот за образовни истражувања од Словенија (Educational Research Institute) и Praxis од Естонија, се темели на фактот дека сиромаштијата и социјалното исклучување ги ограничуваат можностите на поединците да ги постигнат своите целосни потенцијали и влијаат врз нивната добросостојба и нивните резултати во образованието.
Во продолжение, погледнете го извештајот за состојбата во Естонија, каде беа анализирани политиките и практиките што се спроведуваат во врска со ова прашање.