Наши ученици – спортисти, наша ГОРДОСТ

МЕРИТОН ЗЕЈНЕЛИ е еден од најперспективните млади каратисти во државава. Долгогодишен член е на карате клубот ,, Металург.” Со КАРАТЕ се занимава полни седум години. Тој е полуфиналиат од последното балканско првенство одржано во Бар, Црна Гора и освојувач на медали на меѓународни турнири меѓу кои е и последниот турнир во Самобор, Р.Хрватска, турнир со 2000 натпреварувачи од 29 земји.

Меритон ја има нашата поддршка да чекори напред со крупни чекори. Силниот натпреварувачки дух и неговата посветеност даваат надеж дека тој ќе напредува и во иднина и ќе ги достигне најголемите височини во овој спорт

МИХАЕЛА ФИЛИПОВСКА е перспективна млада каратистка која тренира КАРАТЕ веќе 5 години во Карате Клубот,, Автокоманда.” Михаела се натпреварува во категорија Кумите Женски -Борби. Таа е редовен учесник и освојувач на медали и признанија на државни и меѓународни натпреварувања. На државниот натпревар во нејзина категорија во 2022 г. освојувач е на III место, во 2023 г. освојува II место.

Нам ни останува на Михаела да и посакаме оваа 2024г. да го достигне врвот и да биде освојувач на I место.

КОСТА ЗАЕВСКИ тренира ТЕНИС од својата петта година. Во изминативе две години активно учествува на турнирите до 10 и 11 г. организирани од Тениската федерација на Македонија и регионалниот Cherry cup, а од оваа година и на турнирите организирани од Тениската федерација на Србија. Има освоено повеќе признанија во конкуренција до 10 години меѓу кои едно прво и шест втори места на првенствата во Македонија и едно трето место на првенство во Србија.

На Коста му посакуваме да ги достигне височините во белиот спорт, да биде наша гордост и идниот Новак Ѓоковиќ.

АНГЕЛ ЈАНЕВСКИ ученик во II-1 одд. Ангел тренира фудбал од март 2023 во клубот ФК Маџари Солидарност Јуниор. Учествувал на повеќе натпревари, меѓу кои и Детската лига на ФФМ, натпревар со клубот Мондано, на Балканскиот куп во Белград и последно на Kronos kup во Бугарија. Иако млад член Ангел има освоено 3 медали. Најдраги му се освоеното прво место против ФК Мондано и трето место освоено на турнирот во Стајковци. Идол на Ангел е Haaland кој игра во клубот Manchester City. Ангел има желба да продолжи да,тренира и да стане познат фудбалер.

ПАВЕЛ ЈОВАНОВИЌ ученик во II-1 одд. Со карате се занимава од 2022 г.  Тренира во карате клубот „Солидарност“. Павел има учествувано на повеќе натпревари во Македонија и Србија и има освојувано втори и трети места. Најдраго му е учеството на Олимпик Опен турнирот на кој има освоено 2-ро место. Негов идол и човек кој го инспирира е неговиот тренер Ахмедин Мурикиќ. Павел планира да продолжи да тренира карате и да ги освојува најголемите височини во овој спорт.

ПАВЕЛ ЈОВАНОВСКИ ученик во II-4 одд. Тренира фудбал од 5 години во ФК Маџари Јуниор. Досега има учествувано на многу натпревари и турнири на кои со екипата има освоено неколку пехари и медали. Павел има учествувано на турнири организорани од ФФМ. Има освоено прво место на турнирот Мондано, трето место на Јуниор Куп и прво место Нова Колонија.Тој е прогласен и за најдобар фудбалер на овој турнир.

ДАМЈАН СТАМЧЕВСКИ, ученик во IV-4 одд. веќе 4 години тренира фудбал во Фудбалска Школа Форца. Тој е ГОЛМАН и брани во генерација 2014 година. Има учествувано на меѓународни натпревари во Хрватска, Бугарија и Србија. Неговиот тим во сезона 2021-22 на државно ниво има освоено 1во место, а Дамјан е прогласен за најдобар голман. Во Бугарија-Пловдив 2022-23 со тимот има освоено 4то место, а Дамјан прогласен за најдобар голман. На турнир 2022-23 Железара-Форца има освоено 1во место и Дамјан повторно е награда за најдобар голман!

ДАВИД ТРАЈАНОВСКИ ученик во VII-1 одд. Се занимава со возење картинг веќе четири години. Во Македонија не се одржуваат натпревари, но на картинг стаза има освоено второ место. Давид учествува и на дигитални трки. Тој со неверојатна умешност, како возач почетник успеа да земе прво место, пол позиција, победа и најбрз круг на трката во Брно. На оваа трка од OPEL GSI шампионатот 2024 Давид  ДОЈДЕ, ВИДЕ И ПОБЕДИ!

ДЕЦА НАШИ, РЕСПЕКТ ЗА СИТЕ ВАС ! СТЕ ГО ИЗБРАЛЕ ВИСТИНСКИОТ ПАТ! СПОРТОТ Е НАЈДОБРИОТ СОЈУЗНИК НА МЛАДИТЕ. ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ГИ СОНУВАТЕ И ОСТВАРУВАТЕ ВАШИТЕ СОНИШТА – ЈА ИМАТЕ НАШАТА ПОДДРШКА!!!