Детска атлетика

Денес денот помина во знакот на Детската атлетика. Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба организираше натпреварување за 120 учениците од IV одд. од сите општински училишта. Сите овие активности се реализираат за да се создаваат спортски навики и да се јакне натпреварувачкиот дух меѓу учениците.

Полигон за учениците од трето одделение

На 05.06.2024г. во спортската сала на ООУ ,,Вера Јоциќ” беше организира II полигон за учениците од 3-то одд. од сите основни училишта од Општина Гази Баба.

Целта на оваа активност е подобрување на психомоторните вештини и рано вклучување на учениците во спортските натпревари.

Честитки за нашите ученици кои и овој пат се меѓу најдобрите три екипи во општината:

1 место ООУ ,,Вера Јоциќ”

2 место ООУ ,,Григор Прличев”

3 место ООУ ,,Дане Крапчев”

Кралицата на спортовите – Атлетиката – предизвик за учениците

На ден, 04.06.2024 г. во ООУ,, Наум Наумовски Борче” се оддржаа атлетски натпревари помеѓу учениците од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.

Нашите ученици настапија во тркачките дисциплини, скок во далечина, скок во височина и фрлање ѓуле и ги освоија следните места:

1 место Јана Србиновска 6 одд. – 60 метри

1 место Марко Ѓорѓиевски 8 одд. – 100 метри

2 место Матеј Трајановски 8 одд. – 100 метри

2 место Матеја Добревска 9 одд. – 100 метри

1 место Давор Павловски 9 одд.- 100 метри

…………………………

1 место Ива Станојоска 7 одд. – ѓуле

1 место Катја Карчев 8 одд. – ѓуле

2 место Стојанче Карадачки 7 одд. – ѓуле

2 место Анес Џеладини 8 одд. – ѓуле

…………………………..

1 место Јана Србиновска 6 одд. – скок во далечина

2 место Ангел Митревски 6 одд. – скок во далечина

2 место Матеа Добревска 9 одд. – скок во височина

3 место Матеј Трајановски 8 одд . – скок во далечина

КОГА СПОРТОТ е ЉУБОВ РЕЗУЛТАТИТЕ се ВИСОКИ.

Честитки за сите наши успешни ученици !!!

Победници на Ученичка квизотека 2023/24

На 30.05.2024г. во просториите на Детскиот културен центар – ,,Карпош“, се одржа ,,УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА 2023/24”.

Учениците: Тара Спасиќ и Александар Маџовски од 8-2 одд. и Дејанчо Стојановски од 9-1 одд. го освоија ПРВОТО МЕСТО.

Честитки за нашите ученици и менторот Маја Богојевска Величковска.

Вашиот успех не прави горди !!!