Завршна манифестација за оваа учебна година

Во петок, на 14 јуни во нашето училиште се одржа завршна манифестација на која се забавувавме со прекрасните песни во изведба на Кате, Александра и Ивана, се доделија над 200 признанија, на ученици кои учествувале на натпревари, на нашите спортисти, на наставниците ментори.

Во центарот на вниманието беа учениците од 9 одд.

Наградени беа учениците со континуиран одличен успех 5,00 и беше прогласен првенецот на генерација ДАВИД АРНАУДОВ 9-4 одд

Честитки за сите!

Продолжете да чекорите напред, да ги надоградувате знаењата и да го освојувате светот!

Слики од настанот може да погледнете на нашата фб страница

Државен натпревар по природни науки

УЧЕБНАТА ГОДИНА ја завршуваме со УБАВИ ВЕСТИ од ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР по ПРИРОДНИ НАУКИ!

Нашите ученици ги постигнаа следниве резултати:

Илина Нестороска – 4 одд. – III награда, ментор: Лидија Ѓорѓиева

Ана Трајкоска 5 одд -.III награда, ментор: Бојана М.Личева

Ангелина Трпковска 6 одд. -III награда, ментор: Душанка Китановска

ЧЕСТИТИКИ за учениците и наставниците- ментори.

Продолжете да редите успеси и следната учебна година !

На натпреварот учествува вкупно 784 ученици (IV- 328, V- 255, VI- 201).