Што е ЕМПАТИЈА?

На денешната РАБОТИЛНИЦА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ во соработка со ПСИХОЛОГОТ на училиштето – Марина Пазаркоска дадоа одговор на прашања од типот:

➖️ Што е ЕМПАТИЈА?

➖️ ️Кои се знаците на емпатијата?

➖️ Зошто е важна емпатијата?

➖️ Како да развиеме емпатија?

➖️ Која е разликата помеѓу емпатијата и симпатијата?

На крајот од работилницата порачавме:

СОСЛУШАЈТЕ!

РАЗБЕРЕТЕ!

ПРИФАТЕТЕ!

ПОМОГНЕТЕ!

НЕ КРИТИКУВАЈТЕ!

СОЧУВСТВУВАЈТЕ!

ДАЈТЕ ПОДДРШКА!

БИДЕТЕ ЕМПАТИЧНИ!

УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ создаде СЛАТКА ПРИКАЗНА во ФАБРИКАТА ,,ВИНЧИНИ”!

Денес бевме гости на срдечни домаќини. Низ игри се едуциравме, се забавувавме и се наградувавме. Имавме исклучителна можност да влеземе во ,,Срцето на Винчини” и да видиме како се создаваат Винчини производите.

Новогодишните пакетчиња беа неизбежен подарок за секој од нас!

Голема благодарност до срдечниот тим на ,, Винчини” кои не воодушеви со гостопримството, условите за работа, едукативните работилници и подароците.

Благодарност до нашите наставнички Магдалена Павлеска и Данче Костовска- Јакимовска кои ни ги организираат овие интересни патувања.

Благодарност до нашата директорка Адријана Младеновска која секоја наша идеја ја поддржува и ни овозможува да ја реализираме онака како што сме ја замислиле.

Нашиот Ученички парламент и во 2024 година ќе продолжи да патува и да создава несекојдневни спомени!!!

20 НОЕМВРИ – ГО СЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО! ЈА СЛАВИМЕ ИДНИНАТА!

Денес учениците од Ученичкиот парламент спроведоа активност

🙅‍♀️,,ОД ДЕТЕ ЗА ДЕТЕ”🙅

🎈Со оваа активност подарувавме, преку пораки потсетувавме за правата на децата, ставивме насмевки на лицата на нашите првачиња и создадовме среќни моменти за нив.

🎈За ,, Денот на детето” ученикот правобранител и неговите заменици изработија пано за детските права.

🎈На големиот одмор во училишниот хол ја промовираа улогата на Ученикот правобранител во заштитата на детските права , повикаа на нивно почитување и им посочија на учениците како да реагираат во ситуации на прекршување на детските права.

🙋‍♀️💁ДРАГИ НАШИ ДЕЦА-ДЕНЕС И СЕКОГАШ БИДЕТЕ СРЕЌНИ

ДУРИ И БЕЗ ПРИЧИНА!

ВИЕ СТЕ ИДНИНАТА НА СВЕТОТ!

Конститутивна средба на Ученичкиот парламент

Денес, 29.09.2023 г. се одржа конститутивна средба на Ученичкиот парламент во присуство на 24 претседатели на сите паралелки од IV до IX одд. и одговорните наставници Магдалена Павлеска и Данче Костовска – Јакимовска. Во продолжение се реализираше тајно гласање преку кое беа избрани:

Претседател на ученичкиот парламент -Софија Мијалковска, заменик претседател-Теодора Јосевска и секретар-Лејла Оручи.

За претставници од редот на учениците за состаноци на Наставнички Совет, Совет на родители и Училишен одбор беа избрани: Теодора Јосевска и Дора Николова.

На сите ученици, членови на Училишниот парламент и на одговорните наставници им посакуваме успешна работа и многу успешни проекти .

ПОСЕТА на ГРАДИНКАТА 25 Мај

УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ, денес во ПОСЕТА на ГРАДИНКАТА 25 Мај. Со задоволство нашите ученици една седмица изработуваа слики со новогодишни мотиви кои денес им ги подаривме на 40 дечиња од најголемите групи во градинката. Среќни ние – пресреќни тие. Си закажавме средба на пролет .Тогаш ние ќе бидеме домаќини а дечињата и нивните воспитувачки ќе бидат гости на нашето училиште.Благодарност до директорката и сите вработени во градинката за топлиот пречек 😊

20 Ноември e Светскиот ден на детето

Денес, 20 Ноември се одбележува Светскиот ден на детето. По тој повод членовите на Ученичкиот парламент од нашето училиште изработија книга со правата на детето. Во книгата учениците на креативен начин преку цртежи направија приказ на детските права и упатија пораки за нивно почитување.

Книгата во наредните денови ќе биде изложена во училишниот хол. Ги повикуваме сите ученици од нашето училиште да ја погледнат, бидејќи секое дете ИМА ПРАВО ДА ГИ ЗНАЕ СВОИТЕ ПРАВА. Среќен Ден на детето на сите деца во светот!

Ученички иницијативи – Отворен е Младински клуб

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) реализиран од Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), ја продолжува соработката со општините со развиени и донесени стратегии за меѓуетничка интеграција и младинско учество и спроведува Младински акции на ниво на општина.

Врз основа на горенаведеното на 18.03.2022 година во 11:00 часот во Месната заедница (МЗ) Стајковци се одржа средба со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, претставници од локалната самоуправа, Дејан Ризински, одговорен на Тимот на МЦГО, Besa Reçi – Quality Assurance Coordinator, USAID Youth Ethnic Integration Project, Macedonian Civic Education Center (MCEC), Фари Хисени како дел од Тимот од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, директорите, одговорните наставници и ученици претставници на младинските иницијативи од училиштата ООУ „Дане Крапчев“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с.Стајковци.

Од претходно одржаните средби на кои ние младите ги инициравме своите идеи и одбравме три приоритети, „Оформување на Младински клуб“, „Градење на Младински Парк“ и „Обновување на спортските игралишта“ кои во иднина ќе прејдат во акции кои ќе се реализираат во соработка и поддршка на општината,  а со поддршка и на приватниот сектор е избран приоритетот „Оформување на Младински клуб“ кој се наоѓа во просториите на Месна заедница Стајковци. Градоначалникот на средбата официјално го потврди и одобри овој приоритет со што на учениците од сите училишта во нашата општина им се обезбеди креативно катче. Младинскиот ќе биде место каде ние како млади луѓе ќе можеме да соработуваме во различни проекти, да се здружиме преку друштвени игри и да го користиме тој клуб за различни активности како презентации, неформални дружби, учење на различни музички инструменти и различни бесплатни курсеви, но и да одржуваме работилници и училишни проекти, средби со членовите на ученичкиот парламент итн.  Сето тоа ќе биде поддржано од страна на општината и градоначалникот. Од страна на градоначалникот бевме повикани да споделиме со него доколку имаме некакви потреби за нашите матични училишта и ние споделивме дека имаме потреба од замена на старите компјутери со набавка на лаптопи за училишната библиотека, со што градоначалникот ни потврди и вети дека во скоро време ќе се набават истите и ќе се достават во нашето училиште. Тој безрезервно ни даде дознаење на нас учениците дека ќе не поддржува во секоја наредна активност која ќе сакаме да ја реализираме. За тоа сме многу горди и благодарани.

По средбата ние учениците од трите училишта бевме интервјуирани од страна на медиумската служба од општината и притоа можевме да искажеме која е нашата улога и на кој начин придонесовме со самото учество во младинската кампања која го носи мотото #ЈасПридонесов.

На покана на нашите другарчиња имавме можност да го посетиме и разгледаме ООУ „Кирил и Методиј“-Стајковци, каде бевме убаво пречекани од своите другарчиња, наставниците, директорката и вработените во училиштето. Многу убаво си поминавме и ги поканивме и тие да бидат наши гости.

Ова беше еднен многу убав ден исполнет со позитивни случувања. Поздрав од нас „Млади иноватори“ – Алексеј, Катарина, Никола, Јана, Михаела, Клара и Петар, се гледаме повторно со некоја друга исполнета иницијатива.