Нашата последна активност 4, Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Спроведена анкета „Мерење на температурата“, две квалитетни работилници, изработка на презентација од нашите другарчиња и изработка на флаер со наши пораки до сите вас (12 и 14.06.2024). Ова е нашата последна задача, спроведување на иницијатива за спречување на секаков вид на насилство кај учениците под мото „Стоп на насилството“. Започнавме со анонимни анкети до ученици, наставници, стручни соработници и родители кои измерија висока температура во двете училишта (тоа значи дека насилството е минимално застапено во двете училишта). За да ја креме свеста на сите околу нас изработивме презентација која ја презентиравме во двете училшта пред присутните, потоа имавме работилница на која изработивме пораки во кои главниот акцент е намалување на говорот на омраза, булингот надвор од училиштата и на социјалните мрежи, прифаќање на разликите што мислиме дека горенаведените цели се главна превентива за намалување на насилството и развој на позитивна слика, а најглавно е „ДРУГАРСТВОТО“. На крајот изработивме и флаер во кој ги претставивме нашите пораки и го поделивме на наши соученици и случајни минувачи во нашето опкружување.

За сега се одјавуваме но сакаме да ви кажеме дека поттикнавме многу млади, а и возрасни да промовираат позитивни вредности и акции за спречување на врсничкото насилство, разбравме дека треба да го чуваме и негуваме нашето културно наследство, знаеме дека Водата вреди-затоа треба да се штеди. Стекнавме нови пријателства, се запознавме со други култури, научивме дека треба да се почитуваме, да другаруваме, да бидеме толерантни и дека различноста го прави овој свет поубав. СЕ ГЛЕДАМЕ!

Активност 3 – Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Малку прошетка, разгледување на убавините и занаетите во нашиот град, работна атмосфера, соработка со позитивна енергија, а тема? „Стари занаети во Скопје“, Проектна работа. 06 и 07. Јуни 2024 година.

На работилницата Учениците имаа за задача да истражуваат на интернет за: „Занаетчиството во Старата Скопска чаршија” за различни занаети кои биле застапени на подрачјето на Старата Скопска чаршија низ историјата. Потоа своите презентации ги презентираа пред своите другарчиња, наставници, родители. Посета на Стара чаршија, разгледување на занаетчиските работилници, појаснување за тоа што е ЕСНАФ. Учениците посетија повеќе занаетчиски дуќани и се запозна со занаетите: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, казанџија, копчар, саатчија, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и изработка на македонски рубин (научија дека кај нас во Македонија, Прилеп се ископува каменот рубин кој го има само на нашето поднебје и во Шри Ланка и е од исклучителна важност бидејќи е драг камен). По посетата од сите занаетчиски дуќани учениците споделија мислења за профитабилноста и дали старите занаети имат средства за одржување на едно семејсто или со текот на времето и овие занаетчии што опстојуват еден ден ако немаат поддршка од државата ќе изумрат. И на крај РАБОТИЛНИЦА-ученици мајстори и презентирање на сработеното.Беа вклученици 30 ученици од 7,8 и 9-то одделение, 1 родител-Теута Хаскај и координаторите на Тимовите на МИО, Саљате Бектеши и Роза Јаневска. Одлично искуство, стекнување нови другарства, почит кон старите занаети и еснафи, поттикнување на креативноста, негување на културното наследство. квалитетно поминато време. Заклучок-Старите занаетчиски дуќани се обележјето на Чаршијата, кое треба да се зачува. Чаршијата е единственото автентично нешто што остана од Скопје и старите занаетчиски дуќани се обележјето на Чаршијата.

Се гледаме повторно.

Фотографиите погледнете ги на нашата фб страница

Уште еден заеднички наставен час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“

На 17.05.2024 година, учениците од двете партнер училишта поделени во две простории во ООУ „25 Мај“ во мешан состав се запознаа со поим за еколошки фактори. Преку визуелна презентација и користење на ИКТ програма дополнета со интерактивна дискусија се запознаа со абиотички и биотички еко.фактори и го увидоа нивното значење. Учениците активно учествуваа во дискусијата и посочуваа соодветни примери за еколошки фактори. Сите ученици навремено и во најголем број точно го сработија работниот лист. Часот се одвиваваше во пријатна и релаксирана работна атмосфера, стандардите беа постигнати. Благодарност до нашите наставнички по природни науки и координаторот Роза Јаневска.

Заедно учиме за Спроводници и изолатори

12.04.2024 – Градењето на мостови со ООУ „25 Мај„ продолжува со содржината Спроводници и изолатори. Преку практични вежби учениците поделени во групи со мешан состав ја тестираа спроводливоста на различни материјали.Сите групи соработуваа и успешно идентификуваа спроводници и изолатори.Од изведбената активност и бројните примери од секојдневието ја согледоа важноста на спроводниците и на изолаторите. Часот се одвиваше во пријатна работна атмосфера што придонесе за успешно совладување на целите

Учествуваме на Националната Франкофонска Вечер во Делчево

На 27 март во Делчево се одржа Национална франкофонска вечер во организација на Фондацијата Бел Идеал од Париз. На истата учествуваа 117 ученици од 11 училишта од 8 града од Македонија Оваа манифестација секоја година се одржува во различен град и претставува патување на Франкофонијата низ Македонија

Од нашето училиште свој настап имаа 12 ученици од шесто одделение.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Франција во РСМ, Сирил Бомгартнер кој рече дека Франкофонијата не е само францускиот јазик, туку и споделувањето заеднички вредности. https://fb.watch/r8buuPF5_t/

Учиме за електрицитет

На 29.03.2024 реализиравме заеднички час со учениците од ООУ” 25 Мај” по предметот природни науки. Низ игра научивме што е електрицитет. Научивме како може да се наелектризирани телата и дека наелектризирани тела привлекуваат други тела. Знаењата успешно ги усвоивме благодарение на интересните експерименти кои ги спроведовме со наставничките по природни науки Бојана М.Личева и Анида Амиди.

Работилница со ЈП Лајка

ЈП,,Лајка” гости во нашето училиште како дел од проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку Волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.

Зошто имаме толку многу бездомни кучиња низ улиците?

Зошто е важно да бидеме одговорни и никогаш да не го напуштиме сопствениот миленик?

Како да се однесуваме кон бездомните животни на улица?

Зошто да вдомиш, место да купиш куче?

Кои се нашите права, но и одговорности како сопственици на миленици?

Што значи волонтеризам и придонес кон заедницата?

Како секој од нас може да придонесе за намалување на бројот на бездомни кучиња низ улиците?

Веруваме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња важно е да се влијае на најмладите, преку нивна едукација да се зголеми свесноста за ненапуштање и соодветната грижа за истите. На овој начин ќе се придонесе за долгорочно решавање на проблемот со бездомните кучиња во Скопје и во земјава

Заедно учиме за маса и тежина

Овој час по Природни науки, заедно со учениците од „25 Мај“ се реализираше во просториите на нашето учулиште.
Учениците на часот се запознаа со физичките величини маса и тежина. Преку практични вежби,поделени во групи, измерија маса и тежина на неколку предмети (јаболко,портокал,прибор за пишување) и воочија дека масата и тежината се различни величини. Учениците работеа тимски и ангажирано, и сите 10 групи успешно ја извршија задачата: избраа соодветни иструменти и правилно ја измерија масата и тежината.
Исто така воочија дека масата влијае на тежината на телата, колку е масата поголема толку е и тежината на телото поголема. Увидоа и дека масата е непроменлива, додека тежината зависи од гравитациската сила, односно каде и да сме во Соларниот систем,масата е иста,но тежинта е различна на различни планети.
Часот се одвиваше во пријатна работна атмосфера, наставниците ги мотивираа групите да работат и потоа сработеното го проверивме со кус наставен лист на крајот од часот.

Заеднички учиме за гравитација

На 19.02.2024 година во просториите на ООУ „25 Мај“ се одржа уште еден заедички час по природни науки. ГРАВИТАЦИЈА! Учениците на часот активно учествуваа во дикусиите, со внимание го проследија излагањето на наставниците и одговорно го сработија работниот лист. Учениците ја идентификуваа гравитацијата како привлечна сила и ја поврзаа како величина која е зависна од масата и растојанието на телата. Пријатна работна атмосфера, дружба, споделување, тимска работа.

Со нови сили, во второто полугодие, продолжуваме да работиме со нашето партнер училиште ООУ “25-ти Мај” на проектот: “ГРАДИМЕ НОВИ МОСТОВИ”

На 26.01.2024 учениците од 6-4 одд. беа на посета на своите другари и заеднички се реализираше наставната содржина за Земјини движења. Преку визуелната презентација учениците се запознаа со движењата на Земјата. Преку практична вежба, срочена во облик на игра, ги симулиравме Земјините движења ,а потоа преку дискусија учениците ги увидоа последиците овие движења.

Разгледуваме модели на Соларен систем ,изработени од рацете на нашите учениците и дискутиравме за изученото. Потоа следеше и втората активност- учениците се распределија во парови, составени од ученици од двете училишта и одговорија работен лист со

прашања поврзани со земјините движења.  Точноста на одговорите ја проверивме заеднички со нашите наставнички по природни науки Бојана и Анида. Резултатите беа одлични !!!