Ден на училиштето

Ден на училиштето

Денес е посебен ден за сите нас, ден кога го празнуваме Патрониот празник на нашето училиште.

Оваа 2022 година одбележуваме 44 години воспитно-образовна дејност во нашето училиште, и 78 години од загинувањето на нашиот патрон Дане Крапчев. По тој повод, а со цел да го одбележиме овој ден огранизиравме низа активности под мотото

„Бели гулаби за сите деца во светот“.

Токму од ова училиште учениците едногласно упатија широки прегратки со желби за мир, единство, љубов до сите деца во светот.

Нека ни е честит патрониот празник на училиштето!

Отворање сензорна соба во ООУ „Дане Крапчев“

На Отворениот ден за граѓанско образование ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје подрржан од Фондација за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија, а во чест Меѓународниот ден на детето, денес 22.11.2021 год., по иницијатива на училшниот клуб „И јас имам глас“ и училишниот парламент, во рамки на проектите „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ и „И јас имам глас“ се реализира: – Отворање сензорна соба во ООУ „Дане Крапчев“- Гази Баба Оваа ученичка иницијатива беше дефинирана од членовите на ученичкиот парламент и ученичкиот клуб, по обуката за Ученичко учество и активизам, што се реализираше во рамки на проектот „И јас имам глас“ со цел да се одговори на приоритетите на нивните соученици за реализирање на детските права и за создавање стимулативна и инклузивна училишна средина. Оваа иницијатива е реализиран како дел од проектите „И јас имам глас“ финансиран од Save the children International преку Шведската Агенција за меѓународен развој. и „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансиран од ЕУ.Голема благодарност до сите ученици вклучени во реализација на активностите во насока на почитување на Детските права, како и благодарнсот до Општина Гази Баба и градоначалникот Бобан Стефковски кои даваат безрезервна поддршка во реализација и имплементација на нашите проекти.

Сертификат за квалитет

Задоволство ни е да соопштиме дека нашето училиште ООУ “Дане Крапчев” се стекна со Сертификат за квалитет IASS 2019:2021 и доби идентификационен бар код. Благодарност до директорката, сите наставници, стручни соработници, учениците, родителите, општината, до сите кои постојано нè подржуваат, ни помагаат и придонесуваат за успесите на нашето училиште.