3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Денес, по повод ,, 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост” во нашето училиште во соработка со Основно училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопјe се реализираше активност под мотото ,,Сплотени заедно”

🔹️Во чест на овој ден сакавме да го промениме начинот на кој ја гледаме попреченоста.

За таа цел учениците со нивните наставнички: Анета Менчова, Весна Димитровска и Стефани Тупоска и Асистентите: Жаклина Цветковска, Елена Благоевска, Весна Николовска во паралелката на 4-3 изработија дрво на кое беа испишани особини и силните страни на децата со попреченост.

🔹️Љубовта и желбата за другарување, сплотеноста и заедничката соработка на децата е посилна од попреченоста.

🔹️Да не заборавиме, секое дете е различно, но исто така и посебно. Токму затоа сите заедно треба да се стремиме да создадеме еден свет во кој сите ќе бидеме еднакви во различноста, свет во кој не постојат попречености и бариери туку само можности и способности.

Исто така се одржа ликовна работилница на тема “Играј со мене”.

На работилницата учествуваа учениците од 9-3 одделение (Јована, Теа, Мелиса, Теона, Марки, Ваљон, Александар, Виктор, Христијан, Стефани, Рамадан, Вердијан, Бисера и Емануел), заедно со образовниот асистент Маја и наставничката по ликовно образование Марија.

Учениците создадоа групна творба, изработена од нивните дланки и прсти како израз на нивната сплотеност и желба за другарување и споделување.

Во едно творбата ќе учествува и на 17 меѓународниот ликовен конкурс во Словенија “Биди уметник-Играј со мене”.

Се надеваме дека низ неколку фотографии ќе ја доловиме атмосферата на уживање и другарување за време на работилницата.