Светски ден за заштита на озонската обвивка

Во чест на ,,Светскиот ден за заштита на озонската обвивка”, ЕКО тимот споделува едукативна презентација за значењето на озонската обвивка за животот на нашата планета.

Презентацијата може да ја погледнете на следниот ЛИНК

Убава енергија на крајот од работната седмица

АРИСТОТЕЛ рекол:

“За нештата кои треба да ги научиме пред да почнеме да ги правиме, учиме правејќи ги“.

Токму затоа ние членовите на МАТЕМАТИЧКО-ИНФОРМАТИЧКАТА СЕКЦИЈА почнавме да правиме, а правејќи учиме за операции со цели броеви.

ГОЛЕМИТЕ, осмо и деветто одделенци во улога на МЕНТОРИ ги мотивираа и им споделуваа знаења, искуства и вештини НА ПОМАЛИТЕ, седмоодделенците

ЗА продлабочување на знаењата и негување ЉУБОВ КОН МАТЕМАТИКАТА!!!

Донација од Црвен крст

СРЕЌАТА е единствената работа која се множи кога се дели!

Во соработка со општинската организација на Црвениот крст и благодарение на иницијативата на општествено одговорни младенци добивме пакетчиња училишен прибор.

Истите се распределени на наши ученици од ранливи категории.

Благодарност од срце