Француски јазик – Регионален натпревар

На 22 март се одржа регионалниот натпревар по Француски јазик.

Честитки за ученичката Ангелина Трпковска од 6-1 одд. која освои трето место.

Одлични знаења покажаа и учениците од деветто одделение Дејанчо Стојановски, Мајда Дилевска и Јована Србиновска.

Учествуваме на Националната Франкофонска Вечер во Делчево

На 27 март во Делчево се одржа Национална франкофонска вечер во организација на Фондацијата Бел Идеал од Париз. На истата учествуваа 117 ученици од 11 училишта од 8 града од Македонија Оваа манифестација секоја година се одржува во различен град и претставува патување на Франкофонијата низ Македонија

Од нашето училиште свој настап имаа 12 ученици од шесто одделение.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Франција во РСМ, Сирил Бомгартнер кој рече дека Франкофонијата не е само францускиот јазик, туку и споделувањето заеднички вредности. https://fb.watch/r8buuPF5_t/

Учиме за електрицитет

На 29.03.2024 реализиравме заеднички час со учениците од ООУ” 25 Мај” по предметот природни науки. Низ игра научивме што е електрицитет. Научивме како може да се наелектризирани телата и дека наелектризирани тела привлекуваат други тела. Знаењата успешно ги усвоивме благодарение на интересните експерименти кои ги спроведовме со наставничките по природни науки Бојана М.Личева и Анида Амиди.