Спортскиот дух е наш заштитен знак!

🥉 Горди на освоеното III место на денешниот турнир во одбојка помеѓу наставници од основните училишта и вработените од општина Гази Баба.

👍️Благодарност за организацијата на

,, Општинскиот сојуз за училишен спорт

на Гази Баба.

🏆Постигнати резултати:

1 место ООУ ,,Кирил и Методиј”

2 место ООУ ,,Наум Наумовски – Борче”

3 место ООУ ,,Дане Крапчев”

4 место ООУ ,, Наум Охридски”

Домаќини на партнерите од Еразмус+ проект

ДЕНЕС ООУ ,,ДАНЕ КРАПЧЕВ”

ВО БОИТЕ НА 🇲🇰🇹🇷 и 🇩🇪 !

🇲🇰 ДЕНЕС БЕВМЕ ГОРДИ ДОМАЌИНИ!

🇲🇰 ДЕНЕС ВОЗВРАЌАВМЕ .ГОСТОПРИМСТВО!

🇲🇰 Го зацврстивме нашето пријателство создадено како координатори на проект од Еразмус + мобилноста.

🔸️Благодарение на нашите родители и наставници подготвивме пречек на традиционален македонски начин, со богата македонска трпеза.

🔸️Денес нашите гости ја почувствуваа атмосферата во која работиме и го видоа нашето секојдневие.

🔸️Одржавме забавни работилници со наши ученици, наставници и нашите гости.

🔸️ДЕНЕС НИЕ БЕВМЕ ГОЛЕМО СРЕЌНО СЕМЕЈСТВО !

🔸️Фотографииве се неми сведоци на прекрасни спомени кои ги создадовме.

🔸️Не застануваме тука, продолжуваме…

3-ти Ноември – Ден на општина Гази Баба

🔸️Хорот на нашето училиште, под раководство на наставникот Ванчо Јовчев, денес имаше чест да го отвори настанот по повод одбележување на 3-ти Ноември Денот на општина Гази Баба.

🔸️Учесници на настанот беа и ученици и наставници од V одд.

🔸️Во прилог фотографии од свеченоста.

Атлетика- натпревар за третоодделенците

🏃‍♀️Денес нашите ученици од III одд. со нивниот наставник по физичко и здравстено образование Томи Спасовски учествуваа на натпревар кој се состоеше од полигон со атлетски и психомоторни вежби и препреки.

🏃Натпреварот беше организиран од Сојузот на училишен спорт на Гази Баба.

🏃‍♂️На истиот учество земаа сите општински основни училишта.

🔸️Во прилог, првопласираните три екипи:

1 место ООУ ,,Вера Јоциќ”

2 место ООУ ,,Григор Прличев”

3 место ООУ ,,Дане Крапчев”

Час со нашите сооученици од ООУ „25 Мај” – 27.10.2023 година

Со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ изградиме уште еден заеднички мост на знаења по предметот Природни науки. Нашите наставнички Бојана и Анида денес не научија за видовите заби и нивната функција. Имавме многу интересни активности кои заедно ги реализиравме. Еве и вие да видите што правевме на овој час!
П.С. Се гледаме наскоро! Овој пат со гости на часот. Следете не за да дознаете!