Посета на Планетариум при МКЦ

На 14.11.2023 година, се реализираше воннаставна активност-посета на Планетариум при МКЦ, предвидена со активностите од Проектот „Градиме нови мостови“. На оваа посета учествувавме ние учениците од VI-4 одделение заедно со нашата наставничка Бојана М.Личева и нашиот координатор Роза Јаневска, нашите другарчиња од VI-4 и IV-1 одделение од училиштето ООУ „25 Мај“ со нивните наставнички Теута Хаскај и Сузана Курбардовиќ и другарчињата од IV-а, б и в одделение од ООУ „Наум Наумовски-Борче“ со нивните наставнички Дијана Николовска, Анета Пешевска и Соња Николова и координаторот Даниела Караташова-социолог. На оваа активност како дел од Проектот МИО, поддржан од ОБСЕ, МОН, општина Гази Баба и нашето училиште присуствуваа и претставници од ОБСЕ. Посетата имаше за цел да се обезбеди дополнителен простор за учениците вклучени во заедничките наставни часови да се поттикнат на граѓанскиот ангажман и да се промовира меѓуетничката соработка.

Заеднички час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ на 10.11.2023


Уште еден успешен заеднички час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ и нашите наставнички Бојана М.Личева и Анида Амиди. Овој час беше многу интересен, интерактивен, практичен, а најважното е тоа што имавме и посетители-гости, г-ѓа Емилија Симоновска Јаначковска и г-дин Франческо Бигагли претставници од ОБСЕ/OSCE – Mission to Skopje. Наставната содржина „Пренесување на храна и гасови“ беше многу интересна и поттикнувачка, бидејќи имавме за задача практично да го претставиме респираторниот систем, патот на воздухот низ органите за дишење и да ги именуваме органите. Потоа следеше презентација на изработките, толкување на поимот респирација и претставување на разликата меѓу вдишување и издишување. Споделуваме дел од атмосферата.