Бронза на Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада

Во математиката по правило нештото кое се дели се намалува…. единствено споделената радост станува поголема. Затоа денес ја споделуваме радоста со Вас.

На Јуниорската Македонска Математичка Олимпијада која се одржа на 09.06.2023 г. нашиот ученик Дамјан Петровиќ од VII одд. заедно со својата наставничка Лиле Сарвановска се закити со бронза🥉.

Посветената работа на наставничката и нејзината верба во можностите и талентот на Дамјан заслужија место на пиедесталот на најдобрите 😍.

Честитки Дамјан и Лиле!!! Да редите уште многу успеси!

Гордост сте на нашето училиште, а секако и инспирација за сите наставници и ученици.

Франкофонија во ООУ „Дане Крапчев“

👉Денес, на 6 Јуни 2023 год. Во ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје се одржа приредба со наслов „Франкофонија“. Особена чест и задоволство ни претставуваше присуството на градоначалникот на општина Гази Баба, г. Бобан Стефковски и на Амбасадорот на Франција г. Сирил Бомгартнер .

💯 На почетокот изразивме голема благодарност до амбасадорот, Амбасадата на Франција во Македонија и секако на Францускиот Инстут во Скопје за тоа што ни овозможија да бидеме дел од мрежата „J’aime le français“ и за прекрасниот подарок – интерактивен панел за училницата по француски јазик.

👉Целта на приредбата беше да се прикажат резултатите од Етвининг проектот „Ја прославуваме Франкофонијата“ во кој учествуваат учениците од секцијата по француски јазик, три училишта од Италија и партнер училиштето од Скопје „Живко Брајковски“ Во рамките на проектот, учениците се претставија употребувајќи падлет а потоа се сретнаа и се запознавме на видео конференција. Секое училиште подготвуваше свои точки и вчера на 5 јуни имавме онлајн приредба на која сите учесници се претставија со свои точки.

👌На приредбата беа претставени точките подготвени за проектот но исто така беа вклучени учениците од 5 одд кои испејаа две песнички како и учениците од третто одделени кои танцуваа на француската песна од детскиот евросонг „Тик Так“ од Ензо. Настапи хорот со француска песна како и седмоодделенката Ана Дабиќ од училиштето „Живко Брајковски“ Скопје, еден од партнерите во Етвининг проектот. 👏👏👏👏👏

Настанот го проследија многу ученици, наставници и родители на кои им благодариме за присуството. Се гледаме следната година со нови активности и проекти.

Награда на Еколошкиот конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологијата“

Денес, 5.06.2023г. во Домот на култура „Димитар Влахов“ – Автокоманда беа врачени признанија на сите учесници кои учествуваа на Јавниот конкурс – Еколошки конкурс „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, распишан од Општина Гази Баба, со цел заштита и грижа на животната средина и природата.

Ученичката Тара Спасиќ 7-2одд.за нејзиниот есеј на тема „Екологија“ освои втора награда.

Честитки за освоената награда и уште многу успеси во иднина.

Ментор Катица Стојчевска

Секое патување ново доживување

Со учениците од трето одделение денешниот час по предметот општество за видови сообраќај го одржавме на несекојдневно место – во воз, на релација Скопје – Велес. ,,Големиот одмор” го имавме низ градот Велес. Последните часови ни беа повторно во воз на релација Велес – Скопје.