Здрава храна и добри навики за среќни деца

Денеска во нашето училиште се одржа едукативно предавање и работилница под мотото “Здрава храна и добри навики за среќни деца” . На предавањето одржано од стручно лице од организацијата ЕКГ учениците се запознаа што е тоа здрава и безбедна храна,а потоа практично ги применија стекнатите знаењата за подготовка на здрави ужинки.

Одговорни наставници Бојана М.Личева, Марија Н. Наневска и Душанка Китановска.

еТвининг проект Let’s Take Climate Action

Група ученици од VII одделение со наставничката по Англиски јазик Катерина Лукарова учествуваат во еТвининг проект Let’s Take Climate Action. Целта на проектот е подобрување на јазичните вештини на учениците преку реализација на најразлични активности со нивни врсници од повеќе држави. Исто така учениците ги подобруваат и своите компјутерски вештини со употреба на Web 2.0 tools коишто ги користат за нивните изработки-постери, видеа, квизови, презентации итн. Се организираат и видео средби на Zoom, панел дискусии, се прават подкасти и се организираат натпревари. Со тоа се поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците, нивната мотивираност за активно учество и мултикултурализмот.