17 март ден на формирањето на Црвениот крст на РСМ и ден на крводарителството во РСМ

17 –ти Март е денот на кој Црвениот крст и крводарителите  на Република С.Македонија  одбележуваат значајни 76 години од своето основање и 26 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина .

Ние како членови на училишната организација сакаме да потсетиме на важноста на крводарителството и дејноста на Црвениот крст со текстот кој го изготвија наштите членови.

Крвта е лек за која што нема соодветна замена…  да се дарува крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните….Крв се дарува само со големо човекољубие и желба да се помогне.. Оние што даруваат крв се вистински модерни херои. Нивниот придонес останува клучна алатка во спасување животи на светско ниво!

Настаните кои се организираат имаат за цел да ја зголемат колективната и индивидуалната свест  за неопходноста од безбедна крв и крвни продукти. Крв може да дарува секое здраво лице на возраст од 18-65 години.Крвта ќе помине низ многу лабараториски испитувања пред да стигне до лицето на кое му е потребна.Но ако во резултатите од лабараториските испитувања покажат некои отстапувања, трансфузиолошката служба ќе го информира крводарителот.

Некои факти што треба да ги знаеме пред да даруваме крв

  • Пред дарувањето на крв можеме да јадеме и пиеме  вообичаено како секој ден.
  • Препорачливо е да се конзумира лесна храна.
  • НЕ се препорачува да се јаде изразито мрсна храна или да се пие алкохол 8 часа пред  дарувањето  крв.
  • Низок хемоглобин, висок или низок крвен притисок, жените за време на менструален циклус, бременост или доење , лесни акутни боленсти (кивање, настинка), тетоважа и пирсинг,алкохолизирана состојба,земање антибиотици,по примање на трансфузија, по оперативни зафати и сл. Ова неколку причини за привремено одбивање на крводарителите.

СЕКОЈ КРВОДАРИТЕЛ Е ХЕРОЈ!

Изработено од членовите тимот на Црвен крст при ООУ “Дане Крапчев” Ева Серафимовска и Ања Јовановска.