Стартуваме повторно со Проектот за мултикултурализам

Стартуваме повторно со Проектот за мултикултурализам со нашите долгогодишни другарчиња од ООУ „25 Мај“. Првата работилницата се одржа на 10.05.2024 година во просториите на ООУ „25 Мај“ и беше организиран од страна на наставничката Саљате Бектеши и учениците од 7-мо одделение, а втората работилница на 13.05.2024 година во кабинетот по хемија во нашето училиште организиран од страна на наставничката Роза Јаневска и Елена Томевска и ученици од 8-4 и 9-1 одделение. Целта е Стекнување истражувачки навики (во пракса и преку користење на добивање податоци од интернет и нивна презентација), споредување, значајноста за тоа колку е важна водата за животот, како да се користат природните ресурси во умерен степен (во овој случај водата), да се запознаеме со супстанциите кои се неопходни за водата и супстанците кои не се дозволени да ги има во водата. Истражувавме за водата, изработивме проект, го презентиравме, а потоа најинтересниот момент ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ! Со помош на рефлектометар, дигитален мерач за pH вредност во водата, тестери за контрола на водата измеривме неколку параметри на водата од чешми во нашите училишта (кабинет по хемија и чешма во тоалетите), флаширана вода и дестилирана вода и чешма чија вода се филтрира со помош на реагенси за мерење на калиум и железо. Добиените резултати ги запишавме во тетратка, ги споделивме со нашите другарчиња и наставнички и ги споредивме со добиените резултати во двете училишта.

Преку овие активности кај учениците се развива љубов кон науката, истражувањето, применливоста на знаењата, а и практично да ги искажуваат своите идеи и сознанија. Беше задоволство за учениците и позитивно искуство за сите нас. Голема благодарност до наставничката по хемија Елена Томевска која на многу креативен и интересен начин преку презентација и практични примери ни ги објасни карактеристиките и значењето на pH вредност на водата.