Нашата последна активност 4, Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Спроведена анкета „Мерење на температурата“, две квалитетни работилници, изработка на презентација од нашите другарчиња и изработка на флаер со наши пораки до сите вас (12 и 14.06.2024). Ова е нашата последна задача, спроведување на иницијатива за спречување на секаков вид на насилство кај учениците под мото „Стоп на насилството“. Започнавме со анонимни анкети до ученици, наставници, стручни соработници и родители кои измерија висока температура во двете училишта (тоа значи дека насилството е минимално застапено во двете училишта). За да ја креме свеста на сите околу нас изработивме презентација која ја презентиравме во двете училшта пред присутните, потоа имавме работилница на која изработивме пораки во кои главниот акцент е намалување на говорот на омраза, булингот надвор од училиштата и на социјалните мрежи, прифаќање на разликите што мислиме дека горенаведените цели се главна превентива за намалување на насилството и развој на позитивна слика, а најглавно е „ДРУГАРСТВОТО“. На крајот изработивме и флаер во кој ги претставивме нашите пораки и го поделивме на наши соученици и случајни минувачи во нашето опкружување.

За сега се одјавуваме но сакаме да ви кажеме дека поттикнавме многу млади, а и возрасни да промовираат позитивни вредности и акции за спречување на врсничкото насилство, разбравме дека треба да го чуваме и негуваме нашето културно наследство, знаеме дека Водата вреди-затоа треба да се штеди. Стекнавме нови пријателства, се запознавме со други култури, научивме дека треба да се почитуваме, да другаруваме, да бидеме толерантни и дека различноста го прави овој свет поубав. СЕ ГЛЕДАМЕ!