Четврта мобилност од Еразмус+ проектот BAR CODE

Од 27 февруари до 3 март се одржа четвртата мобилност од Еразмус+ проектот ВAR CODE.

Домаќин беше Information Technology High School, Belgrade од Србија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способности и техники со кои кодирањето може да се интегрира во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.

Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри  логичкото и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.

Цели на проектот:

се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;

обезбедува учење на основите на програмирањето;

– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;

– ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.

разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;

-подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.

Активностите на проектот:  

27.02.2023

Четвртата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во Information Technology High School, Belgrade од Србија. Наставници од Литванија, Португалија, Македонија и Турција беа пречекани од учениците и вработените, а воедно беа запознати со животот и работата на училиштето во Белград.

Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:

Важноста на кодирањето во игрите презентирано од вработен во UBISOFT Белград

Запознавање и креирање на Google Sites на тема наука и техника

Активноста  заврши со објаснување на дизајнот на играта Minecraft за оперативниот систем Windows 10.

28.02.2023

Денот беше посветен на креирање на страница Wix на тема Наука / ИКТ. Се запознавме со алгоритмот користен во апликациите и го применивме во виртуелните апликации на Minecraft.

Денот заврши со посета на Калемегдан

01.03.2023

Во текот на третиот ден акцент беше ставен на апликацијата Google Drive. Беа дадени насоки како да се користи Google Drive во наставата (создавање тестови, наставни материјали итн.)

По паузата беше реализирана работилница воScratch. Присутните програмираа вежби со примена на алатки за движење, анимации, вметнување аудио ефекти

Во попладневните часови го посетивме Музејот на наука и техника. Од приложените постановки во музејот, се вративме назад во времето и направивме една ретроспектива на технолошкиот развој од најразлични области

02.3.2023

Четврти ден на мобилност во Србија беше посветен на меѓуученичко натпреварување со материјали за кодирање. Учениците од ITHS од завршните години презентираа свои изработки како игри, Web страни со различна содржина, квизови како и практични апликации корисни во секојдневниот живот (курсна листа, туристичка мапа). Присутните беа во улога на оценувачи и преку Google forms ги евалуираа изработките на учениците.

По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот.

Активностите продолжија со посета на Математичко-информатичкиот факултет во рамките на Белградскиот универзитет. Денот заврши со свечена вечера во национален ресторан

03.03.2023

Петтиот ден беше посветен на запознавање на присутните со проектите на кои училиштето домаќин работи. Мобилноста во Србија ја завршивме со активности за евалуација на стекнатите знаења, вештини и искуства.

По ручекот имавме можност да ја посетиме “Ада циганлија“ и да посветиме попладне на заедничко дружење и споделувања на искуства од нашата секојдневна работа.

Во продолжение погледнете го видеот кое го подготвија домаќините за оваа мобилност

                                                    

На 17 март, петок, во училиштето се одржа дисеминација на која беа споделени стекнатите знаења и искуства со наставниците во училиштето.