
УЧЕСТВО ВО ЕМИСИЈА ,, ЅВОН,, НА МРТ 1
Денес 19.02.2019 учениците од нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев,, учествуваа во емисијата ,,Ѕвон,, на МТВ 1. Гостувањето беше по повод 41 година образовно-воспитна дејност на нашето ООУ,,Дане Крапчев,,- Скопје.
Учениците го престставија училиштето во најдобро светло. Направија една ретроспектива на училиштето од 1978 година па се до денес, а сето тоа беше документирано и со фотографии. Ги истакнаа освоените награди и проектите кои се работат во нашето училиште, кои сите не прават особено горди и ни даваат сила да чекориме кон понатамошни успеси.
Програмата беше збогатена и со учество на :
- Учениците од IV одделение кои настапија со ритмичката точка од патрониот празник на инструментална композиција – раководени од наставничката Лидија Ѓоргиева.
- Учениците од V одделение – настапија со ритмичката точка од патрониот празник на песната “Black magic“ – под раководство на наставничката Лидија Велковска.
- Ученичките од IX одделение Миа Јакимовска и Ема Котеска, пееја во живо на песна од Ed Sheeran – со наслов „Perfect“ – ментор Ванчо Јовчев.
- Учениците од IV одделение настапија и со драматизација на англиски јазик посветена на семејството – раководени од наставничките Евдокија Димовска и Лидија Ѓоргиева.
- Катерина Пислевиќ ученичка од IV-2 одделение изведе песна под наслов „Моето семејство“ со која имаше настапувано на детскиот фестивал „Златно славејче 2018“
- Учениците пак од VIII и IX одделение настапија со драматизација која беше дел од проектот „И јас имам глас“ каде говореа за детските права – ментор Елена Малинова.
- Учениците Марија Стојановска VI-2, Марија Гичевска IV-1, Горазд Стојановски V-4, и Моника Блажевска IX-1 – ги прочитаа своите литературни и прозни творби, кои беа избрани како најдобри на литературно-ликовниот конкурс „Јас со глас за мојата идина“ организиран во нашето училиште по повод патрониот празник.
Учениците пак од II и V одделение, работеа во креативните катчиња и создаваа свои дела. Едната група ученици од II-1 одделение – Стефан Арсевски, Илина Јордановска и Лука Бошковиќ правеа вуклани и демонстрираа ексепримент со вулкан – ментор Даниела Торковска.
Додека пак другата група ученици од V-2 одделение – Луна Јовановска, и Михаела Димчова создаваа креации од хартија во боја, каде со помош на рачиња правеа папагали и штркчиња. А пак Луна Јакимовска, работеше со техниката квилинг каде со помош на тврда хартија и нејзино виткање и обликување создаваше необични и креативни честитки за различни прилики – ментор Лидија Велковска.
Ликовното катче со своите интересни изработки го збогатија Дина Шабановиќ и Михаела Стојменовиќ, ученички во VIII-3 одделение кои работеа под менторство на наставничката Марија Н.Николовска и создаваа дела кои ќе ги изложат во обновената библиотека и медијатека во училиштето.
Учениците Матеј Димовски и Катерина Илиевска од IX-1 одделение беа задолжени да го претстават нашето училиште преку личната карта на училиштето и проектите во кои учествува ООУ„Дане Крапчев“ .
Многу искрени насмевки, убави сеќавања, исполнети срца, задоволни лица и среќни дечиња кажуваат за успешноста на овој настан и остварената соработка со МРТ.
Одговорен наставник: Даниела Торковска