Реализирана работилница за детските права

Членовите на драмскиот, новинарскиот и ликовниот клуб од ООУ “Дане Крапчев” вклучени во проектот “И јас имам глас” преку Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор” на 26.11.2019, среда, повторно остварија работна средба со Дени од драмската школа во МКЦ. Два часа, во прекрасна работна атмосфера, преку глума, новинарски статии и цртежи имаа можност да ги искажат своите задоволства и разочарувања од почитувањето на детските права од страна на возрасните во и вон училиштето. Целта на овие работилници е да се придонесе во градењето на критички и креативни ставови кон искажувањето мислења на децата во однос на нивните права и потреби во општеството. Овие работилници не завршуваат тука, напротив со секоја средба се раѓаат нови идеи кои потекнуваат токму од умните глави на нашите идни глумци , новинари и ликовни уметници. Следна работилница со зададени задачи за училишниот клуб за детски права е планирана за во декември.