Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) реализиран од Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), ја продолжува соработката со општините со развиени и донесени стратегии за меѓуетничка интеграција и младинско учество и спроведува Младински акции на ниво на општина. 

Врз основа на горенаведеното на 24 август 2021 година од 10:30 часот во салата на Советот на општина Гази Баба се одржа средба со Дејан Ризински, одговорен на Тимот на МЦГО, Besa Reçi – Quality Assurance Coordinator, USAID Youth Ethnic Integration Project, Macedonian Civic Education Center (MCEC) и одговорно лице од општината – м-р Валентина Ангеловска- Ќиевска, педагог, гешталт терапевт и Анчевска Елизабета и по три одговорни лица (директорот, претставник од стручната служба и координаторот на Тимот за училишна интеграција од училиштата ООУ „Дане Крапчев“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с.Стајковци за да ја поддржат реализацијата на активностите со учениците од различни средини и сите наставни јазици, со забелешка дека во активностите би вклучиле ученици од 7-9 одделение. Целта на овој проектот е младите да иницираат идеи и да одберат приоритети, кои во иднина ќе прејдат во акции кои ќе се реализира во соработка и поддршка на општината,  а со поддршка и на приватниот сектор.

 Согласно заклучоците од состанокот, во прилог беа испратени следните документи: Формулар за контакти – кој ќе послужи за доставување на контактите од назначените ученици и нивните родители и Изјава за согласност – која треба да ја доставиме засега во електронска форма (скенирана или фотографирана) со цел да се запазат правилата и протоколите. Дополнително, во продолжение беа испратени и неколку линкови со промотивните видеа од младинската кампања #ЈасПридонесов од младинските акции кои веќе се спроведено во Струга и Пробиштип.

На ден 09.09.2021 (четврток) со почеток од 10:00 на платформата Zoom, се одржа и првата онлајн работилница со учениците од ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Дане Крапчев“, за мапирање на младинските приоритети во општина Гази Баба. Сите ученици од 3-те училишта како и дел од одговорните наставници беа присутни на работилницата која ја водеше одговорниот на Тимот на МОФ, Фари Хисени. Од нашето училиште учествуваа учениците: Катарина Пислевиќ 7-2, Михаела Димчова 8-2, Клара Караџоска 8-2, Јана Саздовска 8-2, Петар Ристовски 8-3, Никола МИлосковски 8-4 и Алексеј Стојановиќ 9-3 одделение.

Учениците во текот на работилницата се претставуваа самите себеси преку игровни активности, потоа разговараа и споделуваа свои идеи со другарчињата од другите училишта за тоа што сакаат да променат во својата средина со цел поквалитетен, посигурен живот на младите, поставуваа нејасни прашања во врска со проектот, а одговорниот ги појаснуваше. Им се објаснија и активностите кои се предвидени и треба да се реализраат. На крајот на средбите на учениците повторно им се кажа денот и времето на реализација се следната средба и активноста која треба да се реализира.