По повод одбележувањето на 100- годишнината од раѓањето на Блаже Конески Министерството за образование и наука објави Конкурс за ученици од основното образование инспирирани од делата на Блаже Конески. Согласно критериумите утврдени во Конкурсот, комисијата избра најдобра поетска творба и најдобар расказ. Нашиот ученик ХРИСТИЈАН ГОЧЕВСКИ ИВАНОСКИ од V -1 освои прво место во категоријата за најдобри творби во расказ.
Честитки Христијан!