![](http://oudanekrapcev.edu.mk/wp-content/uploads/2022/05/280204218_2994448900772680_8762387057008443917_n.jpg)
Мултикултурализмот во образованието – Активност 3
Работна атмосфера, соработка со позитивна енергија на тема „Прочитав јас, прочитај и ти“. Соработка меѓу учениците на ООУ „25 Мај“ и ООУ „Дане Крапчев“ – Гази Баба, Скопје. Активноста се реализираше во библиотеката и Еко градината на ООУ „Дане Крапчев“, преку дискусија, истражување и презентирање на истражувачката работа. Целта беше да се развие љубовта кон читањето на разни дела и разни писатели , а финалниот резултат и ефекти од работилницата беа меѓусебно дружење, поддршка еден со друг, рамноправно вклучување во активноста, запознавање и читање на јазик од друга етничка припадност и развивање почит кон него, развивање љубов кон литературата и креативно и критичко размислување, афирмирање на МИМО, осознавање дека знаењето јазици е богатство и секако градење на трајни вредности. Беа вклученици 20 ученици, 2-ца родители и координаторите и членовите на Тимовите на МИО. Одлично искуство, квалитетно поминато време. Се гледаме повторно.
![](http://oudanekrapcev.edu.mk/wp-content/uploads/2022/05/viber_image_2022-05-13_21-10-03-188-1024x576.jpg)