
# КРЕФ – Прво место
На 29.09.2017г. во Лесковец – Република Србија се одржа КРЕФ – Меѓународен училишен фестивал на креативни едукативни филмови. На оваа манифестација и нашето училиште учествуваше како финалист во две категории, во категоријата Еду филм – „Сосема различни но со иста цел“ и во категоријата Липдуб – Спот за промоција на училишната клима.
Со големо задоволство Ве известуваме дека НАШЕТО видео за промоција на училишната клима го освои ПРВОТО МЕСТО во меѓународната конкуренција .
Автор на видеото е Елизабета Георгиевска, координатори на активностите Марија Н. Наневска и Бојана М. Личевска, монтажа Леонид Велковска, автор на песната Ванчо Јовчев, песната ја изведува Дина Јашари, снимател Влатко Венов.