„Кој ќе го освои срцето на Сара“ – театарска претстава

Во склоп на програмата за меѓуетничка интеграција во образованието беше реализирана предвидената активност за месец февруари 2020 година: изведба на театарска претстава под наслов „Кој ќе го освои срцето на Сара“.

Во период од 12.02.2020 до 20.02.2020 година, се реализираа 15 театарски претстави во Домот на култура „Чекори“ во населбата Автокоманда. Текстот за претставата го напиша, а воедно и ја постави на сцена Изабела-студент на Факултетот за Драмска уметност, а учесници-глимци во театарската претстава беа ученици на возраст од 3-то до 9-то одделение од сите 11 училишта на општината Гази Баба и од различна етничка и верска припадност. Учениците кои учествуваат во претставата се екипа и како тим ја претставуваат општината. Инаку, од нашето училиште во претставата учествуваа двајца ученици од 7-мо одделение – Јасин Малиќи и Анелија Ајваз и ученикот Рохан Крујезиу од 9-то одделение кој беше ангажиран за музиката која оди во позадина на претставата меѓу која е и химната на Општината под наслов „Мостови на другарство“, напишана на три јазика (македонски, албански и англиски) која се изведуваше на крајот на секоја од претставите и сите посетители можеа да се качат на бината и заеднички да ја пеат.

Одговорен наставник кој ги подготвуваше учениците за своите улоги во претставата беше наставничката по македонски јазик Елена Малинова, а одговорен наставник за музиката покрај ученикот беше наставничката по историја Роза Јаневска.

Сите 15 претстави се реализираа во 7 работни дена и тоа се со цел да можат учениците од сите 11 училишта да ја проследат. На крајот на претставата се случија солзи, многу цврсти прегратки, се случи заедништво, потреба за повторно видување. А всушност тоа беше целта почитување на различностите, толеранција, заедништво, градење на мултикултура и интеркултура. Билетите за претставата чинеа по 100 денари и имаат хуманитарна и општествено корисна улога.  Затоа дел собраните средства од билетите се наменија за подароци и заедничка фотографија за сите учесници во претставата,  за Изебела која ја напиша и постави претставата и остатокот од собраните средства ќе биде наменет за набавка на вреќи за седење во дневниот престој на нашето училиште. За оваа набавка која ќе следи во блиска иднина одлучи тимот на наставници од МИО, претседателот на Ученичкиот парламент, ученикот јавен правобраните и директорот на училиштето. На 19.02.2020 година на овие претстави беа присутни и градоначалникот на општина Гази Баба, претставници од ОБСЕ, главниот координатор на овој проект Анита Ангелова, претставници од општината, а претставата доби и свој видеозапис од страна на фото студио Маестро. За секое училиште имаше обезбедено и бесплатен превоз од страна на ЈСП.