Известување за Свидетелства

Почитувани ученици и родители,

Согласно препораките од МОН, со оглед на моменталната состојба со пандемијата, Ве известуваме дека свидетелствата за учениците од I – VIII одд. ќе се поделат на стартот на следната учебна година. Учениците кои имаат потреба да го подигнат свидетелството во овој период може да го исконтактираат одделенскиот раководител и да се договорат за термин.

Ви посакуваме добро здравје и убав летен распуст!

ООУ “Дане Крапчев”- Скопје