Денот на планетата Земја – Активности на биолошката секција

Во пресрет на Денот на Планетата Земја учениците од биолошката секција при нашето училиште учествуваа на настан организиран од МЖСПП под мотото “Инвестираме во знаење-се грижиме за планетата”.

Globe претставува меѓународен проект за заштита на животната средина каде преку едукација на учениците се комбинираат науката, образованието и технологијата на меѓународно ниво, во функција на осознавање на животната средина.

Како активни реализатори на протоколите од програмата GLOBE ја презентиравме нашата работа и изработивме постер на тема заштита на животната средина. Нашите ученици на настанот имаа прилика да разменат искуства со други ученици и се запознаа со процесот мониторинг на квалитет на амбиенталниот воздух.На настанот беа доделени и сертификати за придонес на наставниците и учениците,а беше врачен и инфрацрвен термометар кој ќе го користиме во практичните изведби. Голема благодарност за сите ученици кои секојдневно собираа податоци и учествуваа во изработка на постерот и училишното пано по повод 22 Април.

Одговорни наставници

Б. М. Личева и Д. Китановска.