Активност 3 – Проект „Мултикултурализмот во образованието“

Малку прошетка, разгледување на убавините и занаетите во нашиот град, работна атмосфера, соработка со позитивна енергија, а тема? „Стари занаети во Скопје“, Проектна работа. 06 и 07. Јуни 2024 година.

На работилницата Учениците имаа за задача да истражуваат на интернет за: „Занаетчиството во Старата Скопска чаршија” за различни занаети кои биле застапени на подрачјето на Старата Скопска чаршија низ историјата. Потоа своите презентации ги презентираа пред своите другарчиња, наставници, родители. Посета на Стара чаршија, разгледување на занаетчиските работилници, појаснување за тоа што е ЕСНАФ. Учениците посетија повеќе занаетчиски дуќани и се запозна со занаетите: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, казанџија, копчар, саатчија, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и изработка на македонски рубин (научија дека кај нас во Македонија, Прилеп се ископува каменот рубин кој го има само на нашето поднебје и во Шри Ланка и е од исклучителна важност бидејќи е драг камен). По посетата од сите занаетчиски дуќани учениците споделија мислења за профитабилноста и дали старите занаети имат средства за одржување на едно семејсто или со текот на времето и овие занаетчии што опстојуват еден ден ако немаат поддршка од државата ќе изумрат. И на крај РАБОТИЛНИЦА-ученици мајстори и презентирање на сработеното.Беа вклученици 30 ученици од 7,8 и 9-то одделение, 1 родител-Теута Хаскај и координаторите на Тимовите на МИО, Саљате Бектеши и Роза Јаневска. Одлично искуство, стекнување нови другарства, почит кон старите занаети и еснафи, поттикнување на креативноста, негување на културното наследство. квалитетно поминато време. Заклучок-Старите занаетчиски дуќани се обележјето на Чаршијата, кое треба да се зачува. Чаршијата е единственото автентично нешто што остана од Скопје и старите занаетчиски дуќани се обележјето на Чаршијата.

Се гледаме повторно.

Фотографиите погледнете ги на нашата фб страница