На 5.06.2025 г. беа доделени плакетите на ученици кои со своите креативни дела учествуваа на Еколошкиот конкурс “Денови на пролетта – Денови на Екологијата” кој Општина Гази Баба традиционално ги спроведува од 21 март до 23 мај.
Нашиот ученик Христијан Гочевски Иваноски 9-1одд. со својата лична творба “Екологија” освои II место.
Наградите беа доделени на настанот ВЕЛО РОДЕО организиран по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, кој за прв пат се организира во нашата општина.
На Христијан му честитаме за освоеното место и неговиот придонес за истакнување на важноста на екологијата и му посакуваме понатамошни успеси.
На ден, 03.06.2025 г. во ООУ,, Наум Наумовски Борче” се оддржаа атлетски натпревари помеѓу учениците од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.
Нашите ученици настапија во тркачките дисциплини, скок во далечина, скок во височина
и фрлање ѓуле и ги освоија следните места:
1 место Марко Ѓорѓиевски 9 одд. – 100 метри
1 место Ива Станојовска 8 одд. – фрлање на ѓуле
1 место Матеј Стојановски 7 одд. – фрлање на ѓуле
1 место Горазд Захариев 6 одд. – скок во далечина
2 место Матеј Трајановски 9 одд. – скок во далечина
2 место Анес Џеладини 9 одд. – фрлање на ѓуле
3 место Сандра Милосковска 8 одд. – 100 метри
3 место Катја Карчев 9 одд. – фрлање на ѓуле
3 место Ведран Вељковиќ 8 одд. – скок во височина
КОГА СПОРТОТ е ЉУБОВ РЕЗУЛТАТИТЕ се ВИСОКИ.
Честитки за сите наши успешни ученици !!! Одговорен наставник за активноста: Ивица Петрушевски
Нашиот училиштен тим на ЦРВЕНИОТ КРСТ учествуваше на Градскиот натпревар по прва помош, каде што го освои петтото место на ниво на Град Скопје и покажа дека е подготвен за укажување на прва помош на високо ниво.
Браво за учениците на нашиот тим:
1 Анастасија Ивановска-капитен
2 Вероника Златковска
3 Jaсна Филeвска
4 Тео Бојанчев
5 Jана Ангелова
6 Христијан Десподовски
Благодарност до нашата волонтерка Адриана Стоилевска за соработката.
Одговорен наставник за подготовки на тимот – Бојана М. Личева
Четврта работилница во ООУ „Дане Крапчев“ финализирање на книга (26.05.2025) и посета на издавачка куќа (27-31 Мај).
Претпоследна заедничка работилница предвидена со активностите од проектот: „Мултикултурализмот во образованието“
Овој пат изработивме насловна страна за нашата заедничка книга: „Книга од соништата“ под наслов „ПРИЈАТЕЛСТВО“ за која беа задолжени нашите другарчиња Никола Тргачевски Владевски и Петар Стефановски од VII-2 под менторство на наставничката по информатика Марина Пејковска.
Останатите ученици ги уредуваа, преведуваа личните творби со поддршка на наствничките
по македонски јазик Елена Малинова, албански јазик наставничката Дитурие Сејфедини и наставничката по историја Роза Јаневска.
Огромно задоволство и позитивно искуство е за сите нас што ќе оставиме белег во нашите животи и траен спомен за нашите училишта и идните генерации.
Се надеваме дека сите вас ве поттикнавме да бите креативни, сплотени, иновативни и во иднина и вие да превземете вакви ученички иницијативи.
Финалниот потег е печатење на нашата заедничка книга која ќе се реализира во печатницата
ФОКУС ПРИНТ во Скопје.
Голема благодарност до генералниот директор Имер, генералниот менаџер Јусуф Гоѓуфи и останатиот тим кои ќе се погрижат за изработката и издавање на Книга од соништата.
Не примија со широко отворени раце, разбирање и почит. Им благодариме.
Голема благодарност и до МОН кое ги доделува овие грантови на училиштата кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.
Преку овие проекти се промовираат добри практики во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на почитување на разликите, соживот, заедништво, трајни пријателства, трајни вредности, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи.
За крај Ве ПОКАНУВАМЕ сите вас драги ученици, родители, пријатели, вработени, локална заедница, претставници на општина Гази Баба и МОН да дојдете на нашата заедничка промоција на книга која ќе се реализира на свечената приредба на 04.06.2025 година во просториите на нашето партнер училиште ООУ „25 Мај“ во 17:00 часот.
Одговорен наставник за активноста: Роза Јаневска- наставник по историја.
На часот по природни науки, учениците од II -1 одд. содржината ,,Електрична енергија” – за струјно коло ја совладаа со нашиот гостин презентер, електротехничарот Младен Богатинов.
За него беше големо задоволство, како ученик од нашето училиште да го сподели своето искуство со учениците и да се обиде да им ја доближи професијата.
Учениците имаа модели на струјни кола кои ги поврзуваа и истражуваа како работат.
На нивните прашања добија стручни одговори од гостинот родител. Активност подготвена од одделенскиот наставник на II-1 одд. Елизабета Георгиевска