Месец на борба против зависности

Во периодот 24–28 ноември 2025, подмладокот на Црвениот крст при нашето училиште, под менторство на наставничките Бранкица Наумовска и Весна Димитровска, реализираше уште една значајна активност.

Овој пат, преку читање реферат, изработка на едукативни материјали и интерактивни дискусии, учениците поставија силна порака за здрави навики и свесност за штетноста од цигари, алкохол, електронски цигари и дрога.

Малите чекори што ги правиме денес создаваат големи промени во утрешнината

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК – 7 ОДДЕЛЕНИЕ

Денес, 28 ноември, се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за седмо одделение. Нашето училиште со гордост го претставуваа учениците:

Мелани Спасовска (7-1) – со ментор Анета Митевска

Михајло Миливојевиќ (7-2) – со ментор Анета Митевска

Алексеј Златановиќ (7-3) – со ментор Наташа Апостолова

Сите ученици покажаа одлични знаења и висока мотивираност.

Особена чест ни е да објавиме дека Михајло Миливојевиќ освои 3. место и се пласира на државниот натпревар!

Му посакуваме многу успех и среќа во понатамошното натпреварување!

CULTURAL RAINBOW – ЕВРОПСКА ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ!

Денес нашето училиште блеска уште посилно!

Го добивме престижното Европско Признание за Квалитет за eTwinning проектот „Cultural Rainbow“!

Проектот е креиран и реализиран од наставничката по англиски јазик Катерина Лукарова, и талентираните ученици од 8 одделение.

Реализиран во учебната 2024/25 година, во партнерство со ученици и наставници од 8 држави:

Турција • Грција • Унгарија • Србија • Литванија • Полска • Бугарија • Грузија

Големи честитки за наставничката и учениците!

Со овој успех, нашето училиште уште еднаш се потврдува на меѓународната сцена!

Да ни се множат успесите и да продолжиме со модерни, иновативни и инспиративни проекти!

Одбележување на меѓународниот ден на професорот по Француски јазик

На 21 ноември 5 ученички од нашето училиште учествуваа на музичко-образовниот настан Sunovision dansante 2025, организиран во чест на Меѓународниот ден на професорите по француски јазик, кој има за цел да ја истакне примената на алатката за вештачка интелигенција – Suno во учењето на францускиот како странски јазик.
На настанот се обрати Амбасадорот на Република Франција, господинот Кристоф Ле Риголер, а присутни беа и гости од Францускиот институт и од Филолошкиот факултет.

Погледнете кратко видео од настанот

Претхониот ден, на 20 ноември, нашата наставничка Анета Митевска, на покана од Француската амбасада и Францускиот институт, учествуваше на работилницата „Жив Весник“ организирана од Францускиот институт а потоа на прием во резиденцијата на Амбасадата на Франција

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС

Подмладокот на Црвениот крст во нашето училиште, под менторство на наставничките Бранкица Наумовска и Весна Димитровска, во периодот 14–18 ноември 2025 реализираа едукативни активности со цел учениците подобро да се запознаат со ризиците и превенцијата од дијабетес.

Преку читање реферат, изработка на едукативни материјали и интерактивни дискусии, тимот на ЦК успешно ги прошири знаењата на учениците за значењето на здравите навики и раното препознавање на симптомите.

Заедно учиме, превенираме и се грижиме за здравјето!

ОТВОРЕНИ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ 2025/26

На 18 ноември 2025 во спортската сала при ООУ „Вера Јоциќ“ беше означен стартот на новата сезона од Училишните спортски лиги. Претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба Ивица Петрушевски упати инспиративна порака за фер игра и спортски дух.

Нашите екипи успешно ги одиграа првите кола:

Одбојка – девојчиња (VIII и IX одделение)

Кошарка – машки (VIII и IX одделение)

Учениците покажаа борбеност, енергија и тимски дух.

Честитки за победниците!

Со нетрпение ги очекуваме следните кола – спортскиот дух продолжува!

ОТВОРЕНИ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ЛИГИ 2025/26

На 18 ноември 2025 во спортската сала при ООУ „Вера Јоциќ“ беше означен стартот на новата сезона од Училишните спортски лиги. Претседателот на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Гази Баба Ивица Петрушевски упати инспиративна порака за фер игра и спортски дух.

Нашите екипи успешно ги одиграа првите кола:

Одбојка – девојчиња (VIII и IX одделение)

Кошарка – машки (VIII и IX одделение)

Учениците покажаа борбеност, енергија и тимски дух.

Честитки за победниците!

Со нетрпение ги очекуваме следните кола – спортскиот дух продолжува

Денес нашето училиште мирисаше на… шеќер!

Учениците уживаа во волшебната театарска претстава „Шеќерна приказна“, реализирана во соработка со Артлен и Бејбисрт.

Под режисерската палка на Трајко Јордановски, сцената оживеа со енергија, боја и хумор, благодарение на талентираните актери Шинаси Рамадан и Димитрина Мицкоска Трајкоска.

Публиката беше дел од една слатка, разиграна и поучна авантура што ни ги стопли срцата.

Благодарност до тимот кој ја донесе магијата на театарот во нашето училиште!

Денот на детето

СИТЕ ДЕЦА ИМААТ ПРАВО да сонуваат, да мечтаат, да бидат слушнати, почитувани и да растат безгрижно.

По повод Денот на детето, членовите на Ученичкиот парламент, Ученикот правобранител и неговите заменици изработија:

„Ѕид на детските соништа“

Пано со детските права

Пораки и желби од децата – за децата

Нивната креативност, визија и големи срца ни покажуваат дека детските соништа се нашата најголема инспирација!

Среќен Ден на детето!

Нека секое дете расте во љубов, грижа и поддршка

Едукативна посета – Петто одделение

Учениците од петто одделение реализираа богата и поучна посета на црквата „Св. Архангел Гаврил“ – Ченто и на џамијата во Инџиково.

Оваа активност беше организирана во корелација со наставните содржини по Историја и Општество, со цел учениците да се запознаат одблизу со верските објекти, нивната историска вредност, архитектура и културно значење во нашата средина.

Што научија учениците?

Слушнаа интересни објаснувања за настанокот и важноста на двата објекти

Разговараа со домаќините и поставуваа прашања

Развиваа почит, толеранција и разбирање за различните традиции и култури.

Продолжуваме да ги градиме вредностите на знаење, почит и меѓусебно разбирање!

Активноста ја реализираа наставниците од активот на V одделение.