Моето училиште - мое огледало
Нашето училиште е прекрасно место каде што децата можат да учат и да се дружат..
Настава
Според наставниот план во училиштето се остварува и организира: Задолжителна настава; Изборна настава; Дополнителна настава; Додатна настава; Продолжителна настава;
Воннаставни активности
Воннаставните активности претставуваат интегрално мошне значајно подрачје во севкупната воспитно-образовна дејност на училиштето. Учениците имаат можност да се вклучат во следните воннаставни активности: Училиштен спорт; Секции и слободни ученички активности; Ученички натпревари; Општествено хуманитарна работа; Ученички екскурзии; Детска организација; Организација на Црвениот крст; Еко- патроли;
Поддршка на учениците
Училиштето континуирано ги следи постигањата на учениците со цел да им даде поддршка и да ги подобри постигањата. За таа цел се превземаат разни активности: ревидирање на планирањата на наставниците, примена на нови техники,форми , формативно оценување, подобрено сумативно оценување и примена на ИКТ во наставата, примена на средства и технички помагала, индивидуална работа, додатна и дополнителна настава, соработка со родителите и стручните соработници, слободни и воннаставни активности, изготвување задачи по тежински нивоа, квалитетни годишни, тематски и дневни планирања, примена на знаења од обуките во наставата.
Лична карта
Име на училиштето - ООУ “Дане Крапчев“- Скопје Јазик на кој се изведува наставата - Македонски јазик Година на изградба 1977 Тип на градба -Тврда градба Површина на објектот: 4 300 m2 Површина на училшниот двор: 12 872 m2 Површина на спортски терени и игралишта:1 400 m2 Начин на загревање на училиштето: сопствено –нафта Број на одделенија: 9 Број на смени: 2 Статус на еко-училиште : Сребрено ниво 22.03.2013 г. Зелено знаме 06.04.2014 г..

Мисија и визија
Мисија и визија Учењето е најприродната активност кај луѓето. Сите човечки битија се раѓаат со капацитет за учење, со желба и потреба за учење. Степенот на учење и научување кај луѓето треба да се движи во чекор со времето, во човечката ДНК е врежано дека човекот постојано треба да тежнее кон напредок, да се натпреварува со другите, да биде секој ден подобар од тоа што бил вчера. Ние немаме за цел да ги научиме нашите ученици само факти, броеви или букви. Наша визија ( Цел) е учениците да ги подготвиме за предизвиците во животот ! А како до нашата цел? -Со помош на критичко мислење! Не задоволувај се со тоа што си, стреми се кон тоа што можеш да бидеш! Никој не се раѓа со смислата за критичко размислување, тоа се учи. Процесот треба да отпочне од најмали нозе најнапред во семејството ,а потоа во воспитно-образовниот процес во училиште. Токму ние како училиште си поставивме цел да ги охрабруваме чувствата кај учениците, нивните лични емотивни рамислувања, да поттикнуваме нивно сопствено размислување и носење на заклучоци. Не плаши се да бидеш поинаков! Твојот живот е креација на твоите мисли! Ние како воспитно-образовна институција ќе го поттикнуваме учењето преку истакнување на индивидуалноста,карактерот или личноста кај ученицикот преку ослободување на сите облици на предрасуди ,ќе поттикнуваме решавање проблеми анализа,вреднување и споредба на тврдењата,пронаоѓање логички оправдувања и заземање лични ставови. Мисија (Пат до целта): Патот до успехот е секогаш во изградба! Критичкото мислење е моќна алатка која ќе помогне кон решавање на училишните задачи но и алатка која ќе им помогне успешно да одговорат на животните предизвици! За да ја оствариме поставената визија си поставивме неколку цели: Наставникот да користи задачи и активности со кои кај учениците, поттикнуваат критичко мислење, анализа и решавање проблеми. Затоа планираме: Организирање обуки за наставниците Планирање активности на стручните активи во насока остварување на целта Планирање активности во ЛППР во насока на остварување на целта. Следење на примената на стекнатите знаења Обезбедување одржливост на примената

Нашиот патрон - Дане Крапчев
Нашиот патрон Дане Крапчев-Стари е првоборец и прв политички комесар на Скопскиот партизански одред. Неговиот краток животен пат започнува на 2 февруари 1912 година во Иваница сместена во живописната Шумадија. Заради политичките прилики и службата на татко му, неговото семејство постојано се сели. Во 1930 година го завршува средното образование. Во овој период кај него почнува да се буди свеста за посебноста на македонскиот народ и овие идеи почнува да ги шири меѓу младинците. Во 1930 година Дане образованието го продолжува на правниот факултет во Белград. Во предвоениот период активен е во СКОЈ, КПЈ , а учествува во две од трите организирани диверзантски акции на рудникот Радуша. Неговата дејност во НОБ има огромно значење за подигањето на борбениот дух кај сите партизански сили, станува политички комесар на Скопскиот партизански одред,учествува во повеќе партизански акции, а неколку пати се наоѓа во илегалство. Во текот на пролетната офанзива во судирот со бугарскиот окупатор на планината Плачковица , на 24 мај 1944 година Дане Крапчев го губи животот со што се вбројува во редот на борците кои ги положија своите животи за слободата на својата татковина.

Нашето училиште - историјат
Својата образовна и културна мисија низ децениите училиштето ја почнува на 1 февруари 1978 година. Училиштето е основано со решение бр. 4886 од 04.10.1977 година на Собранието на општина Гази Баба. Вкупно 1077 ученици распоредени во 35 паралелки добиле можност да го продолжат своето образование во новата училишна зграда. Средствата за изградба на училишната зграда се обезбедени од Фондот за обнова и изградба на Скопје и од самопридонесот на работните луѓе и граѓани на Скопје. Објектот се простира на површина од 4200 метри квадратни, со 16 училници, 6 кабинети, фискултурна сала со помошни простории и спортски терени, училишна кујна со трпезарија, проекциона сала, како и простории за извршување на административно-педагошка функција. Честа за прв директор на училиштето ја има Душко Перески , а потоа: Николче Илиевски, Благица Трпевска, Божин Арсовски, м-р Благица Станковска, Виолета Стоилевска и м-р Адријана Младеновска . Во текот на своето постоење училиштето се стекна со епитетот Пионер во воведувањето на новини во воспитно-образовниот процес. Нашето училиште беше едно од пилот училиштата во кои започна примената на Активна настава - интерактивно учење, Описно оценување на учениците, Инклузија на деца посебни образовни потреби во учењето. Секоја година училиштето продуцира нова генерација ученици , оспособена да го продолжи своето образование.