Одлични резултати на Регионалниот натпревар по Македонски јазик

Трудот и знаењето вредат и се награда за нашите ученици.

1 место – Ангелина Трпковска од 6 одд. – ментор Марија Шереметкоска

2 место – Калина Караџоска од 7 одд. – ментор Елена Малинова

2 место – Никола Тргачевски од 6 одд. – ментор Марија Шереметкоска

Честитки до сите ученици кои учествуваа, им посакуваме успех и на Државниот!

Тродневна научно-наставна екскурзија низ Македонија на учениците од IX одд

Убавините на Македонија низ објективот на ученици од IX одд. и нивните класни раководители: Марина Пејковска, Роза Јаневска, Весна Кочова и Елена Томевска.

Од градот херој ПРИЛЕП и спомен паркот,,МОГИЛА” преку живописното и илинденско КРУШЕВО со сите негови убавини меѓу кои и Македониумот и Спомен куќата на Тоше Проески …..

. … па преку античка ХЕРАКЛЕА …

…се до македонскиот БИСЕР ОХРИД кој нè воодушеви со погледот од манастирот Св.Јован Канео, црквата Св.Софија, Плаошник, Самоиловата тврдина, амфитеатарот, Биљанините извори, изворите на Црн Дрим, манастирот Св.Наум, и заливот на коските.

Нашата прошетка ја заокруживме со СТРУГА, струшката чаршија,  куќата на Миладиновци, природно- научниит музеј и живописните вевчански извори.

Спомените кои ги создадовме  низ фотографии на страната на училиштето на facebook…

2 Април – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ!

Специјалниот едукатор и рехабилитатор Катерина Банџо и одделенските раководители на V-3 Христина Петровска и на V-4 Весна Димовска, реализираа работилници за подигање

на свеста за аутизмот.

Беа споделени пораки од страна на учениците со цел поголемо прифаќање, поддршка и почитување на различностите.

Да создадеме подобар инклузивен свет за овие лица!

ООУ ,,ДАНЕ КРАПЧЕВ” ПОД МАСКИ

Денес училиштето ни беше необично весело, распеано и шарено.

Низ училишниот хол прошетаа: Кралицата Елизабета, Пипи Долгиот Чорап, Црвенкапа, Пролетта, колачиња, полицајци, принцови, самовили, кловнови, пеперутки, јунаци од цртаните филмови и уште мноогу интересни маски.

На дефилето беа избрани дваесет најкреативни маски на кои им доделивме пофалници.

По дефилето нашите ученици од III одд. присуствуваа на Првоаприлската забава организирана од општината Гази Баба, на плоштадот во Автокоманда.

Благодарност до сите креативни ученици, родители и наставници за вложениот труд.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СО НОВИ КРЕАЦИИ НА СЛЕДНАТА АПРИЛИЈАДА – 2025

Фотографиите од денешниот настан погледнете ги на нашата страница на facebook

Француски јазик – Регионален натпревар

На 22 март се одржа регионалниот натпревар по Француски јазик.

Честитки за ученичката Ангелина Трпковска од 6-1 одд. која освои трето место.

Одлични знаења покажаа и учениците од деветто одделение Дејанчо Стојановски, Мајда Дилевска и Јована Србиновска.

Учествуваме на Националната Франкофонска Вечер во Делчево

На 27 март во Делчево се одржа Национална франкофонска вечер во организација на Фондацијата Бел Идеал од Париз. На истата учествуваа 117 ученици од 11 училишта од 8 града од Македонија Оваа манифестација секоја година се одржува во различен град и претставува патување на Франкофонијата низ Македонија

Од нашето училиште свој настап имаа 12 ученици од шесто одделение.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Франција во РСМ, Сирил Бомгартнер кој рече дека Франкофонијата не е само францускиот јазик, туку и споделувањето заеднички вредности. https://fb.watch/r8buuPF5_t/