Се одржа завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

По повод завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, реализиран од страна на Младински центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ) нашето училиште доби покана да биде гостин на една таква прекрасна манифестација. Манифестацијата се оддржа на 21 септември (среда) во просториите на хотелот Александар Палас.

Од нашето училиште земаа учество 12 ученици кои го претставија училиштето во најубаво светло и несебично ги споделуваа своите идеи.

  Во изминативе 5 години проектот работеше со инстируциите и со сите основни и средни училишта низ државата со цел да се зајакне меѓуетничката кохезија во училиштата, граѓанското однесување на учениците и младинското учество.
   Обраќање имаа заменик-министерот за образование и наука и заменик шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје.

Најважно од се беше да се поттикне младинското учество и да се иницираа повеќе младински иницијативи. На самиот настан имаше дискусија за тоа како можеме да го подобриме нашето  општеството. Беа промовирани до сега направените промени и беа стекнати многу нови пријателства. На тој начин се развива тимската работа, емпатијата и љубовта меѓу сите нас, да сакаме да помогнеме, да го направиме ова општество поубаво место за живеење затоа што ние сме иднината на оваа држава. Нешто што посебно го истакнаа одговорните личности за овој проект беше тоа дека сите ученици кои биле вклучени во овој проект не биле себични, постојано поставувале за цел нешто возможно и што е недостаток и проблем на повеќе луѓе.

Крајот на настанот се затвори со харизматична песна напишана и искомпонира од група млади која беше навистина големо задоволство да се слушне.

16 Септември – Светски ден за заштита на озонската обвивка

Светот денес го одбележува 16 Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка, со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да се уклучат во неговата заштита . Нашите ученици, членовите на Еко тимот по повод Светскиот ден за заштита на озонската обвивка изработија пано за важноста на озонската обвивка преку која учениците се информираа за нејзиното значење ,важноста за да ја чуваме и заштитиме озонската обвивка.

И да се потсетиме повторно, иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина. Дека секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата, што севкупно влијае негативно на озонот.

Еко Тимот

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!

Првачињата во нашето училиште го започнаа првиот училишен ден на свечен начин. Повозрасните ученици им подготвија свечена приредба, а директорката со кусо обраќање им посака топло добредојде во нивниот втор дом, училиштето. Сите возбудени, среќни, насмеани и со малку родителски солзи радосници нашите првачиња се упатија на првиот училишен час со своите наставнички.

Среќно првачиња, градете најубави детски спомени во нашето училиште