Се одржа завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

По повод завршниот настан на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, реализиран од страна на Младински центар за граѓанско образование (МЦГО) во соработка со Младински образовен форум (МОФ) нашето училиште доби покана да биде гостин на една таква прекрасна манифестација. Манифестацијата се оддржа на 21 септември (среда) во просториите на хотелот Александар Палас.

Од нашето училиште земаа учество 12 ученици кои го претставија училиштето во најубаво светло и несебично ги споделуваа своите идеи.

  Во изминативе 5 години проектот работеше со инстируциите и со сите основни и средни училишта низ државата со цел да се зајакне меѓуетничката кохезија во училиштата, граѓанското однесување на учениците и младинското учество.
   Обраќање имаа заменик-министерот за образование и наука и заменик шеф на Мисијата во Амбасадата на САД во Скопје.

Најважно од се беше да се поттикне младинското учество и да се иницираа повеќе младински иницијативи. На самиот настан имаше дискусија за тоа како можеме да го подобриме нашето  општеството. Беа промовирани до сега направените промени и беа стекнати многу нови пријателства. На тој начин се развива тимската работа, емпатијата и љубовта меѓу сите нас, да сакаме да помогнеме, да го направиме ова општество поубаво место за живеење затоа што ние сме иднината на оваа држава. Нешто што посебно го истакнаа одговорните личности за овој проект беше тоа дека сите ученици кои биле вклучени во овој проект не биле себични, постојано поставувале за цел нешто возможно и што е недостаток и проблем на повеќе луѓе.

Крајот на настанот се затвори со харизматична песна напишана и искомпонира од група млади која беше навистина големо задоволство да се слушне.