НА ТРКА СО РОЛЕРИ

На 5 ноември 2026 година, на кејот на реката Вардар се одржа трка со ролери, организирана по повод 50-годишниот јубилеј на Општина Гази Баба, од страна на ОСУСГБ и Скијачката федерација, под мотото „Патот до Олимпијада“.
На трката учествуваа и ученици од нашето училиште од 5, 6 и 7 одделение, кои се претставија со одлични резултати:
Ања Мицевска – 7 одделение, освои второ место во женска конкуренција.
Јунес Белул – 5 одделение, го освои третото место во машка конкуренција.
За подготовката и учеството на учениците беа задолжени наставниците Јовица Димески и Дарко Спировски.
Честитки до Ања и Јунес за освоените места, а пофалби и до сите ученици кои беа дел од ова спортско дружење. Убаво е кога спортот носи нови искуства, дружење и причини за радост!

Започна новата сезона на FIRST LEGO League N. Macedoniа

На 30 октомври со менторскиот состанок на кој присуствуваа нашите наставнички Марина Пејковска, Лиле Сарваноска и Билјана Стојановска

во организација на Robotics & Innovation Academy, нашето училиште и тимот ОСЕТРА, со голема возбуда по трети пат се вклучува во нова авантура.

Овогодишната сезона, BIOGLOW , нè води во светот на биолошката разновидност, поттикнувајќи ги младите преку наука, технологија, роботика и креативност да истражуваат и да создаваат иновативни решенија за зачувување на природата.

Им посакуваме успешна и инспиративна сезона исполнета со љубопитност, креативност, нови знаења и многу убави моменти!