Светски ден на детето – 20 ноември
Со многу креативност, тимска работа и силни пораки, учениците од секцијата за мултикултурализам/интеркултурализам, под менторство на наставничката Роза Јаневска, го одбележаа Светскиот ден на детето.
Низ изработка на едукативни паноа, цртежи и пораки посветени на детските права, учениците потсетија дека секое дете има право да биде слушнато, почитувано и активно вклучено во одлуките што ја обликуваат неговата сегашност и иднина.
Како што нè потсетува и овогодишното мото на УНИЦЕФ: „Мојот ден, моите права, мојата иднина“ – гласот на децата вреди, а нивните идеи и соништа заслужуваат поддршка секој ден.
Браво за вложениот труд, креативноста и пораките што ги испративте! 👏🎨📚

















Поврзани содржини